За продажба на недвижни ствари во сопственост на Општина Пробиштип и избор на правно лице за откуп на отпадни метали по пат на електронско јавно наддавање.
Електронска аукција
http://e-aukcii.probistip.gov.mk/products/aid/102/
За продажба на недвижни ствари во сопственост на Општина Пробиштип и избор на правно лице за откуп на отпадни метали по пат на електронско јавно наддавање.
Електронска аукција
http://e-aukcii.probistip.gov.mk/products/aid/102/
ОПШТИНА ПРОБИШТИП објавува:
Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2019“
ТЕМА:
„MOЈОТ УБАВ ПРОБИШТИП“
ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:
СЕКОЈА ФОТОГРАФИЈА КОЈА НЕМА ДА БИДЕ СОГЛАСНО ПОГОРЕ НАВЕДЕНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЌЕ БИДЕ ДИСКВАЛИФИКУВАНА И НЕМА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДУВАНА ОД ЖИРИ КОМИСИЈАТА
ДОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ ЗА УЧЕСТВО:
ФОТОГРАФИИТЕ ДА СЕ ИСПРАТАТ НА АДРЕСА:
Општина Пробиштип,
ул. Јаким Стојковски бр.1
или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни дејности во Општина Пробиштип, со назнака:
За награден фото Конкурс „ПРОБИШТИП ФОТО 2019“,
најдоцна до 22.11.2019 година (петок) до 15.30 часот.
АВТОРСКИ ПРАВА:
Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува дека:
На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во општинската администрација како и нивните потесни семејства
За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил info@probistip.gov.mk
НАГРАДИ:
Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди награди и тоа:
Фотографии на зададена тема:
I место – 4.000 денари
II место – 2.000 денари
III место – 1.000 денари
Фотографии на слободна тема:
I место – 2.000 денари
II место – 1.500 денари
III место – 1.000 денари
Наградите ќе бидат доделени на 6 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2019 година – „Свети Климент Охридски“ на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.
Општина Пробиштип
Одделение за јавни дејности
Општина Пробиштип има потреба од вработување на неопределено време на еден овластен службеник од областа на безбедноста во Територијалната противпожарна единица Пробиштип за следното работно место:
Општи услови:
Посебни услови
Други посебни услови
Распоред на работно време: дневно работно време, работа во две смени од 07 до 19 часот и од 19 до 07 часот, 40 часа неделно работно време;
Паричен нето износ на плата: 17.691,00 денари.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2019 година предвидено е вработување за Македонец.
Црната дудинка (Morus nigra L.) која се наоѓа во дворното место на манастирот “Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, општина Пробиштип со решение од Минестерството за животна средина е прогласена за природна реткост. Лесновската дудинка е стара над шсетстотини години, со неа се поврзуваат голем број на легенди поврзани со лековитоста на нејзините плодови. Дудинката е неразделен дел од Лесновскиот манастир и претставува едно од значајните обележја на манастирот, што ја става на исти ранг со прочуениот Охридски Чинар.
Ова е прв случај, Пробиштип да добие вакво признание во делот на природата, прогласување на природна реткост. Ваквите природни реткости се од искличително значење за заедницата, за развојот на туризмот и промоција.
Добивањето на ваков посебен статус, претставува само мотив плус за локалната самоуправа да продолжи и понатаму во заложбите околу заштитата на природното наследство, за што ќе следуваат чекори за конзервација односно преземање на мерки за заштита на оваа исклучителна природна реткост, како и чекори за промоција на црната дудинка.
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план за село Лесново, КО Лесново, Општина Пробиштип
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план за село Лесново, КО Лесново, Општина Пробиштип, со Тех. број 12/2017 од јули 2019, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.
Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје во соработка со Општина Пробиштип Ве поканува да присуствувате на јавниот настан Презентација на резултатите од истражувањето “Соработка на општините со граѓаните и граѓанските организации“. Настанот ќе се одржи на 14.10.2019 год. (понеделник) 12:00 часот во просториите на општинската зграда – Сала за состаноци на 3ти кат.
Теренско истражување беше насочено кон согледување на моменталната состојба во Вашата општина со цел да даде придонес кон унапредување на соработка на локалната самоуправа, граѓанските организации и граѓаните, како и зајакнување на родовата перспектива при креирањето на локалните политики.
Активноста е дел од проектот „Граѓанските организации – промотори на дијалог, акција и креирање на локални политики“ финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас, а го спроведува ЖГИ АНТИКО.
Ќе ни биде чест и задоволство да присуствувате на настанот и заеднички да дадеме придонес кон унапредување на меѓусебната соработката во Вашата општина.
Со почит,
ЖГИ АНТИКО
Со свеченост во салата на Совето на општина Пробиштип и годинава беа прогласени најдобрите учители. Јулијана Мицовска, од ЈОУДГ „Гоце Делчев“, Маја Митевска Поцева, од ООУ „Браќа Миладиновци“, Даниела Стојанова, од ООУ „Никола Карев“ и Југослав Јакимовски од СОУ „Н.Н. Борче“ се овогодишните добитница на ова престижно признание, кое веќе десета година по ред Општина Пробиштип им го дава на најдобрите учители во овие општински установи. На свеченоста за значајот на празникот говореше Раководителот на Одделението за јавни дејности, Раде Илиевски, а Градоначалникот Драган Анастасов на присутните учители честитајќи им го празникот, говореше што се е направено во изминатата година во воспитно образовните установи во општината, за подобрување на условите за престој и за настава и што се ќе биде направено во наредниот период.
Горди се од Општина Пробиштип со фактот што сме единствени во државата, што на ваков начин го одбележуваме овој значаен датум. На свеченоста од ООУ „Браќа Миладиновци“ имаше една прекрасна музичка точка, насловена „Нема ништо посилно од љубовта“. По повод денот беше распишан литературен конкурс на тема „Учителот“, а Градоначалникот на најдобрите три им даде пригодни награди. Среќен празник и за многу години драги учители…
Општина Пробиштип ќе започне со реализација на активност – Бесплатни ортопедски прегледи за доенчиња и мали деца предвидена во програмата за социјална детска и здравствена заштита. Ортопедските ехо-прегледи ќе се вршат во просториите на Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип од 09-16 часот од страна на д-р Мирјана Рунчева специјалист по ортопедија од ПЗУ „Ортомедик“ Штип.
Првите бесплатни ортопедски прегледи ќе се извршат на ден 05.10 2019 година (сабота) од 9 – 16 часот.
Пријавувањето за ехо-ортопедски преглед е секој работен ден од 08-16 часот во Здравствен дом „Нада Михајлова” на тел.078-235-764 (Сузана Трајковска).
Согласно предвидената активност во програмата за работа на комисијата за еднакви можности за 2019 во областа на здравстевната заштита во с.Ратавица се одржа едукативно предавање од страна на доктор специјалист- гинеколог д-р Дарко Андоновски. Присутните се информираа за патолошките промени на грлото на матката, здравствените ризици и навремената превенција за здрав животен стил и квалитетен животен век.
Целта на оваа активност е подигање на свеста на жената за навремените гинеколошки прегледи кои се посебно важни во животот на секоја жена.
Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2020 година.
Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги, да достават Програма за 2020 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот, а најдоцна до 15.10.2019 година (вторник). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ