Започна новата учебна 2018/2019 година

На 3 септември ѕвончето во сите училишта се огласи повикувајќи ги сите 1397 ученика, кои годинава се запишани во општинските училишта во Пробиштип, за првиот училишен час.

Годинава во двете основни училишта се запишани 1106 ученика од кои во Општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ се запишани 680 ученика или во централното 416, во ПУ во Злетово 191, во ПУ во приградската населба Пробиштип 63, во ПУ во с. Ратавица 8 и во ПУ во Добрево 2 ученика. Во Општинското основно училиште „Никола Карев“ се запишани вкупно 426 ученика, од кои 418 се запишани во централното училиште и 8 ученика во подрачното училиште во с. Стрмош. Годинава за прв пат во училишните клупи седнаа вкупно 117 првачиња или 66 во ООУ „Браќа Миладиновци“ од кои пак 41 во централното училиште, 15 во Злетово, 8 во ПУ во приградска населба Пробиштип и по едно во с. Ратавица и с. Добрево. Во ООУ „Никола Карев“ запишани се 51 прваче од кои 49 во централното училиште, а 2 во ПУ во с. Стрмош.

(more…)

Објава бр.13

Објава бр.13 за продажба на недвижни ствари во сопственост на општина Пробиштип по пат на електронско јавно наддавање.

Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-239/8 од 15.03.2017 година, се следните недвижни ствари:

  1. Зграда на стара бензинска пумпа на КП бр. 1017/1 на ул.„Миро Барага“ бб зграда 1 влез 1 на приземје со намена Б4-6 други деловни простори во површина од 86 m² евидентирана во Имотен лист 4748 за КО Пробиштип со утврдена пазарна вредност од 1.693.233,00 денари.

Повеќе информации на системот за е-аукции http://e-aukcii.probistip.gov.mk/item/159

 

Акција за заловување на бездомни и нерегистрирани кучиња

Денес (03.08.2018) на територијата на општина Пробиштип се спроведе акција за заловување на бездомни и нерегистрирани кучиња.

Акцијата се спроведе од страна на ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кој општина Пробиштип склучи Договор за заловување и стручен третман на бездомни и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Пробиштип, со времетраење од една година.

Дешнава акција е прва од повеќето акции коишто интензивно ќе следат на целата територија на општина Пробиштип во идниов период.

Заловување на кучиња скитници во Пробиштип

На ден 03.08.2018 година (петок), Општина Пробиштип ќе врши заловување на кучињата скитници во Пробиштип. Тоа подразбира заловување, ставање времено во стационар, третирање на кучињата, вакцинирање, кастрирање и чипирање. Оние кучиња кои се стари и изнемоштени ќе бидат еутаназирани. Се известуваат сите сопственици на кучиња, да си ги затворат домашните миленици, а за сите оние кои ќе бидат заловени, а се кучиња кои имаат сопственици, враќањето и третманот на кучињата ќе биде на терет на сопственикот. Вакви и слични акции ќе бидат извршени на неколку пати во наредниот период за што дополнително ќе ве информираме, а се со цел да го решиме проблемот со кучињата скитници во општина Пробиштип.

ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на семејства кај кои ќе престојуваат волонтери од МИРОВЕН КОРПУС

Општина Пробиштип објавува јавен повик за пријавување на семејства кај кои ќе престојуваат волонтери од Мировен корпус.

Престојот на волонтерите во семејствата ќе биде од 6 месеци до 2 години.

Условите кои треба да ги исполнуваат семејствата кои се заинтересирани за учество на јавниот повик се:

  • Соба со кревет со душек, работна маса, стол и гардеробер, којашто ќе биде користена само од страна на волонтерот;
  • Обезбедено греење во собата;
  • Прозорци што се затвораат добро;
  • Врата што може да се заклучи;
  • Пристап до тоалет и до бања;
  • Бојлер во бањата;
  • Пристап до кујна и до елементите за готвење;
  • Сместувањето да биде лоцирано најмногу на 30 минути пешачење од работа;
  • Сместувањето е во безбеден дел од заедницата и во почитувано семејство од доверба;

Не е дозволено волонтерот да живее со семејството на соработникот или на- одговорното лице во организацијата.

Семејствата кои ќе бидат изберени ќе добиваат по 8,000 денари месечно како надомест за трошоците за греење, за електрична енегрија и за другите зголемени трошоци на семејството.

Ако семејствата во куќата има посебен кат за волонтерот, со пристап до кујна и до бања, тогаш надоместот ќе биде 9,500 денари.

Волонтерите дополнително ги покриваат своите трошоците за интернет и за храна.

Јавниот повик трае до 30.07.2018 година.

Официјална посета на Министерот за здравство Венко Филипче во општина Пробиштип

На ден 18.07.2018 г., Mинистерот за здравство во Владата на Република Македонија, Венко Филипче беше во официјална посета на општина Пробиштип.

Со градоначалникот Драган Анастасов, го посетија Здравствениот дом „Нада Михајлова“, каде што разговараа за затекнатата состојба и проблемите со кои се соочува истиот, во однос на недостаток на опрема и кадар, како и за начинот и можностите за нивно надминување.

Градоначалникот на општина Пробиштип во разговорите акцент даде на можностите и потребите за преадаптација на еден дел од Здравствениот дом во Дом за стари лица, а Министерот за здравство истакна дека веќе е постигнат првичен договор, заедно со Министерството за труд и социјална политика за реализација на овој проект кој е од големо значење не само за Пробиштип, туку и за целиот регион.

filipce2 filipce3 filipce4

Јавен оглас – Summer Festival 2018

Врз основа на Одлуката за спроведувањње постапка за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги за време на одржување на „Probistip summer festival“ 2018 по пат на усно јавно наддавање од Градоначалникот на Општина Пробиштип   бр. 08-686/4 од 13.07.2018 година, Комисијата за јавно наддавање на Општина Пробиштип  го  донесе следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС

За спроведување  постапка за издавање под закуп на локации за поставување на штандови и тезги на градскиот пазар  во Пробиштип за време не одрежување на Probistip Summer Festival 2018 по пат на усно јавно наддавање.

Javen oglas – Summer festival 2018

Министеркaта без ресор во Владата на Република Македонија, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска во посета на Пробиштип

Денес (11.07.2018 година), во работна посета на општина Пробиштип беше министеркaта без ресор во Владата на Република Македонија, задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска.
На состанокот со градоначалникот, Драган Анастасов разговараа за состојбата на странските, но и за домашните инвестиции, капацитетите со кои располага општина Пробиштип, како и за можностите и мерките за финансиска поддршка кои произлегуваат од Планот за економски раст, кои се на располагање на бизнисмените, а чијашто цел е со активна поддршка на инвестициите да се постигне повисок економски раст и повисоки плати за подобар живот за граѓаните.

stranski investicii 2

Конференција: На секое дете му треба семејство

Денес, (10.07.2018) во општина Пробиштип се одржа конференција за Кампањата: „На секое дете му треба семејство“,  што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, УНИЦЕФ и СОС Детско село, на којашто свое излагање имаше претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Бенџамин Перкс, градоначалникот, Драган Анастасов, директорот на Центарот за социјална работа и политика Јане Андовски, Соња Атанасова од Завод за социјални дејности и згрижувач Иле Тодосов.

На конференцијата беа претставени условите и мерките за згрижување на деца, а градоначалникот истакна дека општина Пробиштип целосно ја поддржува кампањата и дека има мерки со кои ќе помогне на семејствата што ќе згрижат деца.

sekoe dete 2

Конференција за кампањата „На секое дете му треба семејство“ во Пробиштип

Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ ја отпочнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.

Во текот на наредните два месеци, како дел од кампањата, се организираат локални настани во 30 града во соработка со заедницата, центрите за социјална работа и СОС Детско село Македонија, за граѓаните низ целата земја да дознаат повеќе за тоа како може да станат згрижувачи. Придружете ни се! #СемејствоЗаСекоеДете

Конференциска сала, Дом на култура – Пробиштип

10.07.2018 од 12:00 часот