Секретар на општина Пробиштип

Секретарот на општина Пробиштип ги врши следните работи:

– Ја координира работата на општинската администрација;
– Работи на унапредување на организацијата и условите за работа, функционирањето и методот на работа на општинската администрација;
– Јa поддржува работата на Градоначалникот;
– Дава упатства за работа на раководните и другите државни службеници;
– Се грижи за спроведувањето на оддлукте,заклучоците,насоките и упатствата на градоначалникот;
– Одговара за уредноста и ажурноста во работните предмети и вршење на административни работи во општината;
– Ја координира работата во подготвувањето на материјали и документи од стратешко значење на општината, Советот на општината и др.;
– Соработува со секретарите на централната и локалната власт, со домашни и мегународни организации на соодветно ниво и со претставници на граѓанскиот сектор особено во контекст на обезбедување на слободен пристап на информации од јавен карактер;
– Учествува во работатат на работните тела на општината;
– Формира Комисија за спроведување на постапка за вработување и врши избор на ново вработени;
– Формира Комисија за водење на дисиплинска постапка за дисиплинси престап и изрекува дисциплински мерки;
– Дава предлог за покренување на постапка за утврдување на материјална одговорност против државен службеник;
– Учествува во работата на Комисијата за преиспитување на оцената.