Регистрирани споменици на културата

– Манастир “Св. Гаврил Лесновски” (црквата, конаците и црковниот инвентар) (ц.р. 438) – с. Лесново;
– Црква “Успетие богородичино” (ц.р. 439) – Злетово;
– Црква “Св. Трифун – Пирог” (ц.р. 475) – Злетово ( денес е во урнатини);

Споменици и спомен обележја

– Спомен плоча посветена на Б. Коцев Јордановски, с. Гајранци;
– Спомен плоча посветена на Б.Стоилков Серафимовски, с. Гујновци;
– Споменик во чест на третата Македонско – Кумановска ударна бригада, с. Добрево;
– Спомен плоча посветена на загинатите борци при нападот на рудник “Злетово” , с. Добрево;
– Спомен плоча посветена на загинати борци на НОВ, с. Долни Стубол;
– Спомен плоча посветена на загинати борци, с. Калниште;
– Спомен гробница на загинати борци во НОВ, с. Кундино;
– Спомен плоча посветена на првоборецот Јаким Спировски, с. Неокази;
– Спомен плоча посветена на С. Коцев Томев, с. Плешенци;
– Споменик посветен на загинати борци на НОВ; се наоѓа во дворот на ридник “Злетово” – Пробиштип;
– Спомен плоча посветена на нападот на рудникот Злетово, Пробиштип;
– Спомен плоча посветена на Нада Михајлова, Пробиштип;
– Спомен плоча посветена на М.Јадрев Златко, с. Стрмош;
– Спомен плоча посветена на загинати борци; се наоѓа на чешмата средсело, с. Бунеш;
– Спомен плоча посветена на Ј. Ристов Гичевски, с. Древено;
– Спомен плоча посветена на загинати борци ( на зградата на ПТТ), Злетово;
– Спомен плоча посветена на загинати борци, с. Јамиште;
– Спомен плоча посветена на загинати борци, с. Лесново;
– Спомен плоча посветена на С. Ефтимов Василев, с. Ратавица;
– Спомен плоча посветена на В. Николов Атанасов, с. Трипатанци;
– Спомен плоча посветена на загинати борци во НОВ, с. Турско Рудари;

Евидентирани споменици на природата

Единствен споменик на природата во општина Пробиштип е Лесновскиот кратер, кој е резултат на вулканската активност во Кратовско – Злетовската вулканска област. Тој е еден од најсочуваните, но и најкарактеристични кратери во оваа област, кој е прогласен како споменик на природата и се наоѓа на списокот на геолошките раритети на Заводот за заштита на природните реткости на Р.М.