Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во недела, 31 Мај 2026 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Прв адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип
Овој третман ќе опфати:
– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе
– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак
– Течение на река Киселичка
– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип
– Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец
– Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река
– Месност Глобица и водостој на рибник
и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите
Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ќе се изврши со почеток од 22:00 часот. Третирањето најрвин ќе започне да се извршува од околните одредени локации, централното градско подрачје ќе биде опфатено на крај, односно во подоцните часови, сепак ги замолуваме граѓаните за разбирање и претпазливост.
Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.
ДНЕВЕН РЕД
на 11-та редовна седница на Советот на
општина Пробиштип
(27.05.2026 година, 15:00)
На покана на претставникот од општинската аминистрација, а по донесеното Решение за именување на членовите на Совет за социјална заштита на Општина Пробиштип од страна на Совет на општина Пробиштип денес (18.05.2026) се одржа првата конститутивна седница на Општинскиот совет за социјална заштита. За членови на Општинскиот совет за социјална заштита се номинирани претставници од граѓански организации, претставници од полиција, здравство, образование, Центар за социјална работа, Општинска организација Црвен Крст Пробиштип и Центар за вработување Пробиштип.
На првата седница согласно Деловникот за работа на Советот за социјална заштита за заменик престедател беше избрана Анета Томева, дипл.социјален работник, директор на ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип, а претседател на Општинскиот совет за социјална заштита е претставникот од општинската администрација Анкица Кијајова, Советник за социјална заштита.
Членовите имаа можност да се запознаат со надлежностите на Советот за социјална заштита и улогата на ова тело во креирањето на локалните политики за задоволување на социјално заштитните потреби на жителите од општината.
Од страна на претставникот на општинската администрација беше нагласено дека членовите ќе се фокусираат на мапирање на социјалните проблеми и идентификација на ранливите групи во општината до развој на нови иновативни социјални услуги .
Со заедничка поддршка ќе изградиме похумано и подостапно општество за сите преку реализација на мерки и активности за надминување на социјалните проблеми кај жителите од општина Пробиштип.
Соопштение за јавноста
Пријавување на штети од елементарна непогода
Општина Пробиштип ги повикува граѓаните кои имаат штети од поројни дождови со град, што ја зафати територијата на општината на ден 11.05.2026 година, материјалните штети на нивните имоти и земјоделски насади, да ги пријават во просториите на општина Пробиштип.
Пријавувањето на штетите може да се изрши секој работен ден од 0730 до 1530 часот, заклучно со 20.05.2026 година (среда), во општина Пробиштип во канцеларијата на Општински центар за услуги.
Пријавувањето на настанатите штети ќе го реализирате со пополнување на Пријава за излез на лице место и на Изјава дека имотот не е осигуран преку осигурителните комапнии (пријава и изјава ќе подигнете во канцеларијата).
Покрај, пополнетите Пријава и Изјава, треба да се достави:
Поднесените пријави со пропратните потребни документи ќе бидат обработени од страна на Комисијата за процена на штети предизвикани од природни непогоди и други несреќи на територијата на општина Пробиштип, ќе се направи теренска процена на лице место и ќе биде изработен првичен извештај, кој ќе биде разгледан и усвоен од Совет на општина Пробиштип и ќе биде проследен до Влада на РСМ.
Напомена: Ненавремено доставениете и некомплетните документи нема да бидат разгледани.
Пријава за излез на лице место
ИСПРАВКА НА ОБЈАВА број 51
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип
за учество во иницијативата „Градоначалник на еден ден“
Локален младински совет на општина Пробиштип во соработка со општина Пробиштип објавува јавен повик за избор на младо лице кое ќе има можност да ја преземе улогата „Градоначалник на еден ден“.
СТАНИ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЕДЕН ДЕН!
Дали некогаш си се запрашал како изгледа еден работен ден на градоначалникот? Доколку одговорот е ДА, тогаш овој повик е токму за тебе!
Зошто да се пријавиш?
Овој повик е наменет за сите млади кои сакаат да го скршат мразот, да стекнат директен увид во тоа како функционира политиката „одвнатре“ и да покажат дека лидерството нема граници, при што избраниот кандидат ќе има можност да се запознае со позадинската работа во општината преку тоа што ќе помине работен ден со градоначалникот, ќе присуствува на состаноци и работни активности, ќе се запознае со тековните политики и проекти и ќе има простор да поставува прашања и да предложи идеи поврзани со младински прашања.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА
Пријавите треба да се испратат најдоцна до 10ти мај 23:59ч. на e-mail lokalenmladinskisovetps@gmail.com
Иницијативата ќе се реализира во втората половина на мај, а датумот ќе биде одреден со договор со Кабинетот на Градоначалникот.
Биди нашиот градоначалник на еден ден!