Одржана работилница во рамки на проект „Пристапни и достапни – јавни информации и услуги“

Во просториите на Домот на културата „Злетовски рудар“ Пробиштип се одржа втората работилница на тема: “Kомуникација со лица со попреченост и овозможување на соодветен пристап до информации од јавен карактер” како специфична цел на проектот од веќе потпишаниот меморандум за соработка помеѓу општина Пробиштип и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „ИНКЛУЗИВА“ од Куманово.

На работилницата присуствуваа претставници од општина Пробиштип, Центар за социјална работа, основните и средни училишта, детската градинка и др. каде беа опфатени следните теми: правото за пристап до информации од јавен карактер согласно Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер во Македонија, како и техники и методи на комуникација со лица со различен вид на попреченост.

Оваа активност е во рамките на проектот „Пристапни и достапни – jавни информации и услуги” кој има за цел да придонесе кон подобрување на локалните услуги преку поефикасно доставување на информации од јавен карактер и комуникација со граѓаните со попреченост во источниот регион на Македонија.

Проектот е дел од вториот повик за регрантирање дел од проектот ,,Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации”,  кој го спроведуваат Фондација Отворено општество – Македонија и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиски е поддржан од Европската унија.

rabotilnica pristapni uslugi2 rabotilnica pristapni uslugi3

Реализација на активности преку програмата Општинско – корисна работа

Општина Пробиштип го имплементира проектот „Мрежа од услуги за еднакви можности за сите“ преку програмата Општинско – корисна работа, финансиран од страна на УНДП. Крајни корисници се децата од претшколско образование, ученици инклузирани во редовна настава, корисниците во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, старите лица и лицата со оштетен вид.

Преку овој проект ангажирани се вкупно 12 лица со скратено работно време за  стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Ангажирани се шест лица во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ од кои  четири се негувателки, еден воспитувач и еден психолог, две лица се ангажирани во Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост, двајца образовни асистенти работат со инклузирани ученици, едно лице е ангажирано како негувател за помош грижа и опслужување на старите и изнемоштени лица кои живеат во Пробиштип и едно лице е ангажирано за грижа на лицата со оштетен вид. Невработените лица -корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман правото на користење на социјална помош им е активно и статусот на невработени останува непроменет. Проектот се реализира  во соработка со Центар за социјална работа и АВРМ – Центар за вработување Пробиштип.

Фотоволтаични системи на три јавни објекти во општина Пробиштип

Општина Пробиштип аплицираше и доби грант инвестиција за инсталација на фотоволтаични системи на три јавни објекти и тоа:
– ООУ „Никола Карев“ – Пробиштип
– ООУ „Браќа Миладиновци“ – Пробиштип и
– ЈОУ ДГ „Гоце Делчев“ – клон „Изворче“ – Злетово
Со набавката и инсталацијата на фотоволтаичните системи ќе се произведуваат по 15kW електрична енергија на час во сите три објекти посебно, со што ќе се направат значајни заштеди кај овие објекти и директно ќе се намалат трошоците на Општината.
Реализацијата на проектот започнува денес, а целосната инсталација и пуштањето во употреба на фотоволтаичните системи е предвидено да се случи до 31.03.2019 година.
fotovoltaici 2 fotovoltaici 3

Потпишан Договорот за изготвување на апликација за номинација на Лесново за Гео-парк

Денес, 23.01.2019 година, Општина Пробиштип и општина Кратово потпишаа Согласност кон Договорот за изработка на апликација за номинирање на Лесново за Гео – парк, кој го потпишаа Центарот за развој на Источно планскиот регион и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
Во периодот октомври-ноември 2019 година апликацијата ќе биде поднесена до Националната комисија, која ќе ја предаде истата до Советот за глобални Гео – паркови на УНЕСКО.
Со оглед на геолошкото наследство и биолошкиот диверзитет со кој располага Лесновскиот крај, Лесново ќе добие можност да стане првиот Гео – парк во Република Македонија и втор на Балканот и со тоа да го заштити ова богатство, во насока на зачувување на природата и секако да го поттикне развој на туризмот.
Покрај апликацијата, во текот на овој период ќе се работи на инфраструктурни проекти, како што се патеки, табли и друга инфраструктура за подготвување на Гео – паркот.

geo park 2

Водици 2019

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2018 година (сабота) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 15 – 18.01.2019 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Коледари на градскиот плоштад го најавија раѓањето Христово

Со песната Вечниот бог, стотина бадникари на градскиот плоштад го најавија раѓањето христово. Кај новогодишната елка бадникарите ги пречека претседателот на Совет на општина Пробиштип, Љупчо Благоевски, кој на сите присутни им дари по едно бадниково пакетче. Претходно со свечена поворка по главната улица бадникарите продефилираа, пеејќи божиќни песни.

kolede 2018 2 kolede 2018 3 kolede 2018 4 kolede 2018 5 kolede 2018 6 kolede 2018 7

Традиционално на месноста Жгури се береа бадникови гранчиња

Нови кумови на манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“ се Емилија Јованчевска, претставник од рудникот „Минстрои Булмак 2016“ и Драган Николовски

Традиционално  дваесетина години во очи на нашиот најголем христијански празник, Божиќ, се одржува манифестацијата „Берење на бадникови гранчиња“. На месноста Жгури се собираат неколку стотици  љубители на оваа манифестација и ги берат бадниковите гранчиња, кои се дел од бадниковата трпеза. Секоја година манифестацијата започнува во некој од угостителските објекти, каде што се собираат претставниците на бизнис секторот и каде се избира кумот за наредната година, кој пак ја подготвува посната трпеза, греана ракија и чај, а сето тоа проследено со добра музика, која прави убава забава, а секако обавезни се и бадникарските огнови. На местото на настанот се дели погача, преку што се избира уште еден од кумовите на настанот, овој пат од посетителите. Кумови на овогодишната манифестација се Дејан Јосев, од фирмата Алпина Деј и Атинка Стојчевска Барљамова.  Годинава бизнис секторот се собра во хотелот Сан Нико, каде за кум на настанот и воедно организатор на настанот во 2020 година е избран Емилија Јованчевска, претставник на рудникот „Минстрои Булмак 2016“ а на местото на настанот паричката му се падна на Драган Николовски, кој исто така е еден од организаторите во наредната година. Градоначалникот Анастасов, честитајќи им го кумството, на кумовите им подари златник, односно сребреник.

badnikk 2018 2 badnikk 2018 3 badnikk 2018 4 badnikk 2018 5 badnikk 2018 6

Дедо Мраз меѓу пробиштипјани

Почитувани,

По повод новогодишните и Божиќни празници, општина Пробиштип ја организира манифестацијата Дедо мраз меѓу пробиштипјани. Од таа причина ги известуваме сите дечиња дека во деновите 27 и 28. 12.2018 година (четврток и петок) Дедо мраз ќе биде во центарот на градот, пред кино салата во период од 17 – 19 часот, а во деновите 29 и 30.12.2018 година (сабота и недела) ќе биде на градскиот плоштад и пред кино салата во период од 11 – 14 часот. Ќе дели бонбончиња и ќе имате можност да се фотографирате со него.

Повелете заедно со него да го најавиме доаѓањето на Новата година…

Општински совет за безбедност на сообраќај на патишта Пробиштип

По повод престојните Новогодишни и Божиќни празници, Општискиот совет за безбедност на сообраќај на патишта – Пробиштип упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја избегнат комбинацијата алкохол VS возење.

Годинашниот апел е “Младост без лудост”

Почитувани сограѓани,
Во сообраќајот не сте сами… имајте го тоа на ум!
Помислата „вчера пиев и возев и пак стиигнав безбедно дома“ заборавете ја!
Не стигнавте безбедно дома, само имавте среќа да стигнете дома!
Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот!
Кога пиеш не вози и кога возиш не пиј!
13 милиони луѓе годишно го губат животот во сообраќајни незгоди.

Размислете убаво!
Нема ништо повредно од животот!!!