Проект “Биоотпад”

Координативна средба за проектот БИООТПАД

Во просториите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, партнер во проектот БИООТПАД се оствари координативна средба на која се утврди фактичката состојба на проектот како и динамиката за реализирање на активностите кои следат.

На средбата беа присутни претставници од Општина Пробиштип, тимот за управување од страната на општината и од страна на УГД како и експертите ангажирани и за двете страни.

Со најновото продолжување на проектот се очекува да трае до 31 мај 2020 година. До тогаш треба да бидат поставени двете компостерски единици – едната во централното градско подрачје, другата во населбата Калниште. Почетокот на наредниот месец ќе се оствари средба и со фирмата која до ноември оваа година треба да ги постави компостерките на соодветните локации и да се утврди целокупната техничка и подготвителна спецификација. Во периодот кој следи избраните семејства за учество во проектот ќе бидат подготвени за соодветна селекција и сепарација на органскиот отпад и начинот на управување со истиот како и со автономните компостерски единици. Задолжување со кантички и биоразградливи вреќички за отпад и учество во една од првите вакви акции во државата и поставување на темелите за селекција и сепарација на отпадот со што директно ќе влијаеме на намалувањето на загадувањето на нашата животна средина.

smartcapture

smartcapture

Пионерски чекори за стекнување навики за сепарирање на отпадот

Имајки ги во предвид проблемите со кои се соочува Р. Македонија со несоодветното управување со отпадот, недоволните капацитети на ЈКП низ општините, несовесното фрлање на отпадот и огромниот број на диви депонии, неопходно е превземање на соодветни мерки и активности за организирано управување со отпадот кој се создава во населените места, вклучувајќи селектирање, рециклирање, реупотреба, компостирање. Проектот БИО ОТПАД што во моментот се спроведува во општина Пробиштип заедно со научниците и професори од УГД претставува пилот проект што има за цел да придонесе кон подобро управување со комуналниот отпад, подобра животна средина и хигиена во градот. Во оваа фаза од проектот во периодот ноември 2018 – февруари 2019 година, во општина Пробиштип, беше спроведена јавна анкета со дистрибуција на прашалник од 23 прашања, со учество на 120 домаќинства на општина Пробиштип, односно жители од седум улици кои се наоѓаат во непосредна близина на локацијата каде што е предвидено да биде поставена компостерката. Целта на анкетата беше да се добие претстава за познавањата на граѓаните за постапките на компостирање на биоразградливиот отпад во домашни услови, колку и каков отпад селектираат и компостираат и дали, доколку општината има услови и можност за компостирање на биоразградлив отпад, граѓаните би учествувале и кои придобивки ги очекуваат од спроведувањето на активноста за компостирање на биоразградлив отпад.

Согласно анализите на одговорите на анкетата речиси пола од анкетираните, односно 50, сметаат дека состојбата со отпадот во општина Пробиштип е добра. Сите 120 анкетирани одговориле дека се подготвени да ги променат сопствените навики во врска со управувањето со отпадот заради подобра животна средина и градска хигиена, 2/3 од анкетираните одговриле дека селектираат пластична амбалажа и најголем дел од нив за рециклирање би одвоиле пластични шишиња, батерии и шишиња. 107 од вкупно 120-те анкетирани не вршат компостирање на отпад, а останатите 13 вршат компостирање на остатоците од органски отпад.

30% од вкупниот отпад што го создаваат анкетираните е биоразградлив отпад што е добро за разработката на проектот БИО ОТПАД. 2/3 од анкетираните сметаат дека услугите што ги добиваат од општината за собирање на отпад не одговараат на висината на комуналната такса за отпад па од таму намалувањето на постоечката комунална такса за отпад би било поттик за учество во селектирање на отпадот заради негово рециклирање. Анкетираните се подготвени да учествуваат во проектот БИО ОТПАД и со тоа да придонесат кон подобра животна средина за општината. Исто така сите се подготвени да ги променат сопствените навики во врска со управување со отпадот заради подобра животна средина и градска хигиена.

CANCELLATION OF A SUPPLY TENDER PROCEDURE

Purchase of equipment for the purposes of the project “Utilising Pay As You Throw Systems and Autonomous Composting Units for Biowastes Management in Touristic Areas”

1. Publication reference
BMPL/22/2156/2017/B2/07
2. Date of publication
14.01.2019
3. Programme title
Interreg V-B Balkan-Mediterranean 2014-2020
4. Contracting authority
Municipality of Probishtip
5. Reason for cancellation
No financially valid offer has been received. The received offer is significantly higher than the project budget.

Notes:
Should a new tender procedure be launched for this project, a new contract notice will be published, unless the contracting authority awards the contract through a negotiated procedure – in which case only the award of the contract will be published.

Откажување на набавка во рамки на тенедерска постапка

Набавка на опрема за целите на проектот“Utilising Pay As You Throw Systems and Autonomous Composting Units for Biowastes Management in Touristic Areas”

1. Број на објава
BMPL/22/2156/2017/B2/07
2.Дата на објава
14.01.2019
3.Назив на програма
Interreg V-B Balkan-Mediterranean 2014-2020
4. Договорен орган
Општина Пробиштип
5. Причина за откажување на постапката
Лот 1 : Нема пристигнато ниту една понуда
Лот 2: Нема притигнато валидна финансиска понуда. Пристигнатата понуда е значително повисока отколку проектниот буџет.

Забелешка:
Ќе се започне со нова тендерска процедура за овој проект и ќе се објави нов повик, доколку договорнот орган не го додели договорот преку процедура со преговарање – во кој случај само доделувањето на договорот ќе биде објавено.

БИО-ОТПАД интензивно се спроведува во пракса

Во изминативе десетина дена експертите ангажирани во проектот ”БИО-ОТПАД” од Универзитетот „Гоце Делчев“ и од Општина Пробиштип вршеа посета на населението од населбата Калниште, која претходно беше одредена како најповолна локација за спроведување на проектните активности.

Со оваа посета досега беа опфатени околу 60 домаќинства (од предвидените 100) и експертите имаа можност да ги запознаат граѓаните со целите на проектот и активностите кои се потребни за негова успешна реализација.

Бидејќи проектот предвидува директно учество на граѓаните во исполнување на проектните активности, за време на оваа посета на граѓаните им беше поделен леток со едукативно – информативна содржина за проектот ”БИО-ОТПАД”. Воедно граѓаните пополнуваа прашалници преку кои можеме да го видиме нивното предзнаење од областа на рециклирање и селектирање а секако и нивната желба да селектираат и компостираат органски отпад преку директно вклучување во овој проект.

Она што досега го имаме како информации е дека скоро во сите домаќинства експертите од проектот ”БИО-ОТПАД” се добредојдени и интересот на граѓаните за овој проект е голем. Впечаток е дека граѓаните од населба Калниште ги препознаа еколошките и социјални бенефити од овој проект и преку потврда за учество во истиот даваат голема поддршка за имплементација на современи технологии во управување со органскиот отпад.

Проектот  ќе трае  24 месеци и е финансиран од Европската комисија, според програмата за транснационална соработка Интерег Балкан – Медитеран 2014 – 2020.

Освен УГД, партнери во проектот се и Општина Катерини во Грција, која е водечки партнер, Општина Пробиштип во Република Македонија, како и Општина Јермасоја во Кипар и Технолошкиот институт во Крит, Грција.

biootpad 2 biootpad 3 biootpad 4 biootpad 5 biootpad 6 biootpad 7

CANCELLATION OF A SUPPLY TENDER PROCEDURE

Purchase of equipment for the purposes of the project “Utilising Pay As You Throw Systems and Autonomous Composting Units for Biowastes Management in Touristic Areas”

  1. Publication reference: BMPL/22/2156/2017/B2/03
  1. Date of publication: 30.07.2018
  1. Programme title: Interreg V-B Balkan-Mediterranean 2014-2020
  1. Contracting authority: Municipality of Probishtip
  1. Reason for cancellation:

Lot 1: not received any offer.

Lot 2: In the tender documentation, the maximum budget for procurement of the specified lot (Lot 2) is limited to €185260.00. There was one tenderer who have submitted tendering documents and have passed the administrative and technical compliance. But, its offer was much higher than project estimates, hence the necessity to cancel the tendering procedure.


Notes:

Should a new tender procedure be launched for this project, a new contract notice will be published, unless the contracting authority awards the contract through a negotiated procedure – in which case only the award of the contract will be published.

a5a_cancnotice_en