Почитувани Граѓани на Општина Пробиштип,

Погледнувајќи наназад, кога во 2009 година ни ја дадовте довербата да ја водиме Општина Пробиштип ветивме дека напорно ќе работиме и ќе го реализираме се она што беше ветено од наша страна.
Општина Пробиштип под раководство на Градоначалникот Тони Тоневски кој ја имаше целосната подршка од Советот на Општина Пробиштип успеа да ги реализира во најголем дел проектите кои беа од приоритетно значење, но не беа запоставени и проектите кои во овој период беа посочени од граѓаните на нашата општина, а кои се однесуваа на подобрување на условите за живеење во средините во кои живеат. Најголем дел од реализираните проекти се од областа на комуналната инфраструктура како во Пробиштип така и во населените места, подобрувањето на условите во образованието и детската заштита како и изработка на ДУП-ови, кои според нас се од витално значење за развојот на општина Пробиштип.
За Советот на Општина Пробиштип како законодавна власт на локално ниво и институција која располага со имотот на Општина Пробиштип и донесува одлуки битни за нашите граѓани, слободно можам да кажам дека функционира и работи во интерес на граѓаните на Општина Пробиштип и ги реализира работите кои во најголем дел се идеи на граѓаните.
Советот донесе повеќе одлуки кои се однесуваат на помагање со финансиски средства на спортските друштва кои се натпреваруваат и доставуваат Програми за работа до Советот. Спортските сали беа дадени на бесплатно користење на децата од детските градинки, на клубови во кои тренираат деца од помала возраст. Во изминатите три и пол години Советот донесе повеќе ДУП-ови со кои се овозможи инвеститорите да купуваат земјиште и на инвестираат во изградба на нови погони. Советот не ги заборави и граѓа- ните од најранливите категории и преку Комисијата за молби и барање одобруваше финансиски средства во рамки на своите можности за лицата од овие категории на кои најмногу им беа потребни.
Во реализацијата на сите овие проекти и многу други, активно учество секогаш имаше Советот на општина Пробиштип без чија подршка не би можело да се спроведе сето ова.
Почитувани граѓани, според мене успешноста на работата на Советот на општина Пробиштип се должи токму на Вас – граѓаните, од причини што сите проекти кои што ги стававме во Програмите за работа беа токму ваши предлози и идеи, а ние бевме само имплементатори на она што вие го кажавте.
Се надевам дека ја оправдаме довербата која ни ја дадовте и како Совет допринесовме нашата општина да биде подобро и поубаво место за живеење.

Претседател на Совет на општина Пробиштип

Ранко Давитков

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Членови на Совет на општина Пробиштип

Игор Манасов

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Сашо Станковски

Коалиција СДСМ

Даниела Стојанова

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Сашо Наневски

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Тања Гацовска

Коалиција СДСМ

Миле Моневски

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Маргарета Ангелковиќ

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Савчо Стојчовски

Независна листа

Стојанче Зафировски

Коалиција СДСМ

Драган Ковачев

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Марјан Митевски

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Елизабета Мијалчева

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ

Горан Ефремов

ГРОМ

Ванчо Насевски

Коалиција ВМРО-ДПМНЕ