4-та редовна седница на совет
Советот на општина Пробиштип на ден 21.05.2013 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во салата на Домот на културата ќе се одржи својата 4-та редовна седница со следниот дневен ред:
1. Информација за хигенско-епидемилошката состојба во општина Пробиштип во 2012година од ЈЗУ„Центар за јавно здравје“-Штип, ПЕ Пробиштип;
2. Одлука за укинување на Одлуката за утврдување на надоместок за склучување на бракови;
3. Одлука за изменување на Одлуката за определување на надоместок на членовите на Советот на општина Пробиштип за присуство на седници;
4. Одлука за вклопување на бесправно изграден објект на Борис Јованчев од Пробиштип во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност;
5. Одлука за вклопување на бесправно изграден објект на Јанчо Гишев од Пробиштип во идна урбанистичко-планска документација за издавање на урбанистичка согласност;
Continue Reading | Comments Off
Општина Пробиштип ќе спроведе мерки за заштита од комарци
Општина Пробиштип е во постапка за избор на изведувач за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести, пред се од заштита од комарци. Во рок од пет дена ќе биде избран изведувачот кој ќе биде должен во најбрз рок да се реализира акцијата.
Continue Reading | Comments Off
Објава број 16
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОБЈАВА број 16
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип
Continue Reading | Comments Off
Запирање на постапката за јавно наддавање по Објава бр.15
Врз основа на член 56 став 7 од Законот за градежно земјиште Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија од Општина Пробиштип, постапувајќи по барањето на Министерството за транспорт и врски бр.19-3734 од 23.04.2013, на ден 07.05.2013 го донесе следниот:
З А К Л У Ч О К
За запирање на постапката за јавно наддавање по Објава бр.15
1. СЕ ЗАПИРА постапката за јавно наддавање на градежно земјиште по Објава бр.15 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање за Општина Пробиштип објавена во дневните весници „Вечер“ и „Нова Македонија“ на 10.04.2013 и во „Службен весник на РМ” бр.53 од 11.04.2013 година.
2. СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата за спроведување на постапката за јавно наддавање на градежно земјиште да донесе решение за поништување на Објавата број 15.
3. СЕ ЗАДОЛЖУВА Комисијата заклучокот за запирање на постапката да го објави во истите печатени медиуми во кои е објавена Објавата бр.15, на најмалку една четвртина од една страна на печатениот медиум и во „Службен весник на Република Македонија”.
4. На пријавените кандидати по оваа Објава депозитот да им се врати во целост во рок од 15 дена од објавување на Заклучокот.
Комисија за спроведување на постапката за јавно наддавање
1. Живка Михајлова, претседател,
2. Достана Давиткова, член
3. Јорданка Дукоска, член
Continue Reading | Comments Off
Трета редовна седница на совет
Советот на општина Пробиштип на ден 30.04.2013 година (вторник) со почеток во 12:00 часот во салата на Домот на културата ќе ја одржи 3 (третата) редовна седница со следниот:
ДНЕВЕН РЕД
1. Годишен Извештај за работењето на Центарот за развој на Источен плански регион за 2012година и Годишниот Финасиски извештај за 2012година;
2. Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2013 за 2012година;
3. Одлука за обезбедување на средства за доизградба на градски пазар за земјоделски и услужни дејности во Пробиштип;
4. Одлука општина Пробиштип да стапи во постапката од страна на тужениот ЈП Илинден 2001година Пробиштип;
5. Одлука за подршка на манифестацијата АКВА ПАРК ФЕСТИВАЛ во Пробиштип;
6. Извештај за остварување на буџетот на општина Пробиштип за периодот од 01.01.2013година до 31.03.2013година;
7. Одлука за давање на согласност на Одлуката за времено исклучување на комунални услуги по нивно барање и повторно вклучување на ЈКП„Никола Карев“ од Пробиштип;
8. Извештај за работата и Финансиски Извештај со завршна сметка на ЈКП„Никола Карев“ од Пробиштип за 2012година;
9. Финансов Извештај за работата на ЈОУГД„Гоце Делчев“Пробиштип за 2012година;
10. Финансов Извештај за работата на СОУ„Н.Н.Борче“Пробиштип за 2012година;
11. Финансов Извештај за работата на ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип за 2012година;
12. Финансов Извештај за работата на ООУ„Никола Карев“Пробиштип за 2012година;
13. Мислење по Програмата за изведување на екскурзии во ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип за учебната 2012/2013година;
14. Мислење по Програмата за изведување на екскурзии во ООУ„Никола Карев“ Пробиштип за учебната 2012/2013година;
15. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на активности за спроведување на активностите на спортските друштва во 2012година;
16. Извештај за реализација на Акциониот план за социјална заштита за 2012година;
17. Извештај за реализација на Акциониот план за работа на комисијата за еднакви можности за 2012година;
18. Извештај за реализација на Програмата за одбележување на празници, манифестации и настани во општина Пробиштип за 2012година;
19. Извештај за реализација на Програмата за активности на општина Пробиштип во областа на заштитата и спасувањето за 2012година;
20. Информација за состојбата на градскиот пазар во врска со узурпација на делот каде што се врши продажба на текстил од страна на ДООЕЛ„Црешово Топче“ од Пробиштип.
21. Молби и барања;
Continue Reading | Comments Off






