Соопштение “Зелникот на баба” 2018

Почитувани сограѓанки,

На 24 март 2018 година (сабота) со почеток во 12 часот на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на манифестацијата „Зелникот на баба“. Вообичаено ќе бидат изложени сите изработки од тесто на вредните наши сограѓанки и секако гостите од Македонија, Бугарија и Србија. На лице место ќе се демонстрира како се изработува овој наш традиционален специјалитет и печење под вршник. Ќе има натпревар во брзо сукање, а ќе има и едукација за изработка на зелник. Ќе бираме и нај етно украсена маса. Ги повикуваме сите наши сограѓанки кои сакаат да учествуваат на оваа убава манифестација да се пријават во Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип или на телефон 483 – 131, локал 107, каде ќе ги добијат сите потребни информации за учество.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

zelnik 2018

Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип

Општина Пробиштип на ден 03.03.2018 година (сабота) од 11:00 часот организира „Отворен ден со граѓаните на општина Пробиштип„, на кој граѓаните ќе имаат можност да разменат идеи, проекти или да решат конкретни случаи со Претседателот на Советот на општина Пробиштип.

Соопштение за физички и правни лица даночни обврзници

Се информираат сите физички и правни лица даночни обврзници, кои имаат неплатен долг по основ данок на имот или комунална такса-фирмарина да извршат уплата најдоцна до 15.02.2018 година, во спротивно согласно Законот ќе се пристапи кон присилна наплата на долгот преку деловните банки.