Грб на општина Пробиштип

Грб на општина Пробиштип

Општина Пробиштип е значаен индустриски, општествен (образовен и културен) и административен центар. Се наоѓа во североисточниот дел на Република Македонија со вкупно 16.193 жители и територија од 325,6 км2, при што со еден дел зафаќа од овчеполието, а со друг дел длабоко навлегува во осоговскиот масив на планини. Злетовска река како најгомема река кој поминува низ трериторијата на општината го формира својот кањон во планинскиот дел и своја котлина во рамничарскиот дел од општината.
Пробиштипска општина го зазема средниот и долниот дел од сливот на Злетовска река. На север се граничи со општина Кратово , на запад со општина Свети Николе, на југ со општина Штип , а на исток со општина Кочани. Административниот центар Пробиштип во однос на соседните општини е на следниве растојанија и тоа: од Кратово 18 км, од Штип 22км, а од Кочани 42км, додека оддалеченоста од главниот град на Р.Македонија-Скопје е на околу 100 км. За доаѓање од Скопје може да се користат две рути и тоа: Прва рута-Скопје-Куманово-Кратово-Пробиштип, преку М-2 и Р-206 и како Втора рута/Скопје-Велес-Штип-Пробиштип, преку М-1, М-5 и Р-206.
И покрај тоа што претставува ридско планинско подрачје, сепак може да се каже дека има добра сообраќајна инфраструктура и поволни природни врски со соседните и подалечните области.
Во минатото низ нејзината територија воделе повеќе каравански патишта што ја поврзувале долината на Брегалница, преку превалите Жгури, Долни и Горни Печеници, со Кратово и понатаму Ќустендил (Бугарија).
Низ село Г.Барбарево водел таканаречениот Велешки пат, а низ територијата на општината водел и т.н. Скопски пат-од Скопје низ Овче Поле и селото Куково водел пат за Кочани.
Како што може да се види од извршената кратка анализа на сообраќајните врски општината има поволна положба во однос на природните комуникации, бидејќи лежи помеѓу две многу важни сообраќајни артерии и тоа: Брегалничката која ја поврзува со Кочани, Штип, Велес и Скопје и Криворечката од која еден крак поминува преку Кратово, Куманово и Скопје, а вториот крак преку Кратово, Крива Паланка и Р.Бугарија.
Поради терцијалните вулкански дејности на територијата во општина Пробиштип се создале поголеми рудни богатства. На просторот се наоѓаат наоѓалишта на олово-цинкова руда чии резерви се истражени и изнесуваат на 10.000.000 тони, а ова бројка е поголема бидејќи целиот простор и не е доволно истражен.
Во делот на неметали има голема количина на кварцити, а во реонот на с.Пплешенци, с.Кундино и Црн Врв, а во реонот на градот Пробиштип, с.Плешенци и с.Стрмош се наоѓа голема количина на опализиран туф, кој се експлоатира, а се проценува дека има резеви околу 7.000.000 милиони тони. Просторот располага и со поголеми количини на дацити и андезити, кои не се доволно истражени. Карактеристично е е и троа што постои наоѓалишта со поголеми количини на битуменизирани шкрилци.
Минатиот период стопанството во општината се карактеризираше со тоа што носечки гранки кои го даваа главниот развој, беа рударството и акумулаторската индустрија, но денес после периодот на трансфорнмација на општестевениит капитал и т.н. транзиционен период покрај овие гранки се развија и голем број на фирми од услужните дејности како транспорт, угостителство, здрвство и други услуги., а се развија и ланци во делот на тровијата и производството. Во делот на трудоинтензивните дејности се отворија голем број (17-18) конфекции, а исто така се развија и фирми за производство на храна, како млеко и млечни производи, пекарска индустрија и сл.
Денес можеме слободно да кажеме дека Пробиштип има флексибилно стопанство со различна структура на економски чинители по дејности, при што улогата на голем број (500) МСП се носители на економските активности и ја вршат улогата на диверзификација на пробиштипската економија со што таа станува флексибилна и имуна на удари и не е концентрирана само на рударството. Ваквата структура обезбедува предуслови за развој на локална економија во еден систем на добавувачи–производители-купувачи, но како и секоја економија неможе да биде затворена и е важно да биде конкурентна, односно МСП да се во постојан развој за да можат да бидат конкурентни на локално, регионално, национално и меѓуароднио ниво. За да се постигне поголема ефикасност, рентабилност, преку намалување на трошоците и времето на производство, како и за да се добијат поквалитетни производи со поголема економска вредност е потребно да се применуват современи алатки и методи на работа во МСП. Воведување на нови технологии, воведување на современ дизајн, користење на интернет комуникација во работењето за набавка на репроматерјали и промоција итн. Сето ова бара нови знаења, нови вештини кои треба да ги имаат менџерите на МСП за да се одржат на пазарот и да одговорат успешно на предизвиците.
Со обезбедување на голем број на локации за отворање на нови бизниси се очекува општина Пробиштип во наредниот период да биде главна дестинација за странските инвеститори во регионот.