Туризам

Развој на Пониква како туристичко-рекреативен спортски центар
Нова опрема на Пониква: Со поддршка на Владата на РМ спортско рекреативниот центар Пониква доби донација од еден ратракт, систем за производство на вештачки снег, две моторни санки, нов сноуборд парк.
Целата донација е со вкупна инвестиција од над 1 милион евра.

Афирмација на Лесновска ликовна колонија

Афирмација на Лесновска ликовна колонија
Покрај многуте културни манифестации, во месец Јули 2013 година ја организиравме реномираната меѓународна Лесновска ликовна колонија на која земаа учество 18 учесници од државава и од странство. Со цел афирмација и подобра организација на ликовната колонија, формирани е посебно координативно тело и буџет за нејзина организација.

Училишни лиги

Училишни лиги
Општина Пробиштип организира училишни лиги во различни спортови (фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и сл.) Со воведувањето на училишните лиги се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, а во исто време се селектираат и најдобрите спортисти во училиштата.

Спортско лето – спорт за сите

Спортско лето – спорт за сите
Со цел развој на спортот, општина Пробиштип во текот на летниот период организира повеќе спортски турнири на кои учество земаат спортски екипи од општината и надвор од неа. Покрај спортските турнири, по повод празникот 28-ми Август, општината организира недела на спортот каде се доделуваат и вредни парични награди.

Организирање на кампања “Стоп за пороците“

Организирање на кампања “Стоп за пороците“
Општина Пробиштип во соработка со релевантните институции организира трибини во населените места за штетните последици од консумирањето на алкохол и наркотични средства. Целна група на трибините се младите лица кои директно се изложени на овие пороци.

Уредување и заштита на речните корита на Злетовска, Шталковичка и Киселичка река

Уредување и заштита на речните корита на Злетовска, Шталковичка и Киселичка река. Со реализацијата на овој проект, општината продолжува со постојано чистење на речните корита и нивно уредување.

Подготовка на регионални планови за управување со отпад, заедно со стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за источниот плански регион

Подготовка на регионални планови за управување со отпад, заедно со стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за источниот плански регион