Водовод

Во делот на водоснабдување на граѓаните на општина Пробиштип со вода за пиење задолжено е ЈКП “Комуналец” кое е основано од страна на Советот на општина Пробиштип во 2002 година, преку трансформација на поранешното ЈКП “Илинден”.
Градот Пробиштип, со приградските населби и неколку села од општината, се снабдуваат со вода за пиење од Злетовска река.
– Куќни приклучоци – 3.306 бр.
– Резервоарски простор – 2.100 м3
– Пумпни станици – 1 бр.
– Зони за водоснабдување – 3

Канализација

Над 90% од градското урбано подрачје е покриено со канализациона мрежа. Има 6 примарни канализациони мрежи.
Целокупната изградена канализациона мрежа е околу 26.097 метри.
Употребени профили; Ф 150-1000;
Број на изливни места: 4;
Краен реципитиен: река Киселица и река Калнишка (се влеваат во 80% во река Злетовица)