Број на населени места: 37 (едно градско, две приградски, една полуградска и 33 рурални – селски населби).

Бучиште
Се наоѓа на надморска височина од околу 400 метри, има вкупно 68 жители (35 мажи и 33 жени) со 26 домаќинства и 34 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 4,9 км2 односно аграрна површина вкупно 465 хектари, од кои обработливо земјиште е 234 хектари, пасишта 211 хектари и под шуми околу 20 хектари.

Бунеш
Според пописот во 2002 година во Бунеш има 48 жители (27 мажи и 21 жена) кои живеат во 27 домаќинства а во селото има вкупно 72 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар изнесува 11,3 км2, од кои аграрна површина зафаќа 1.101 хектар, од кои 444 хектари се обработливо земјиште, 586 хектари се пасишта и 71 хектар се шуми.

Добрево
Во најголем дел од атарот на Добрево се лоцирани рударските јами на Злетовските рудници, многу попознато е како рударски центар, отколку како селска населба со аграрни карактеристики. Се наоѓа на надморска височина од 600 метри со вкупно 340 жители (173 мажи и 167 жени), 100 домаќинства и 175 живеалишта (станови). Вкупна површина на атар од 881 хектар, од кои 276 хектари се обработливо земјиште, 187 хектари пасишта и 418 хектари под шуми.

Долни Стубол
Надморска височина од 610 метри и вкупно 168 жители ( 84 мажи и 84 жени ) во 66 домаќинства и вкупно 120 живеалишта. Вкупна површина е 6,7 км2 , а според аграрната површина опфаќа 628 хектари ( 448 хектари обработливо земјиште , 138 хектари пасишта и 42 хектари под шума.

Долно Барбарево
Се наоѓа на 630 метри надморска височина со вкупно 11 жители (6 мажи и 5 жени) во 6 домаќинства а 22 живеалишта (станови). Вкупна површина на атарот е 11,2 км2, при што вкупната аграрна површина изнесува 1.063 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 628 хектари пасишта и 88 хектари се под шуми.

Дренак
Се наоѓа на 650 метри надморска висожина и вкупно 26 жители ( 14 мажи и 12 жени )во 13 домаќинства и 37 живеалишта ( станови ). Вкупната површина на селскиот атар е 5,5 км2, од кои аграрната површина изнесува вкупно 529 хектари ( 314 хектари обработливо земјиште, 212 хектари пасишта и 3 хектари шуми ).

Древено
Надморска височина 640 метри и вкупно 213 жители (118 мажи и 95 жени) во 79 домаќинства и 150 живеалишта (станови). Вкупна површина на селскиот атар изнесува 6,7 км2, според структурата вкупна аграрна површина зафаќа 583 хектари, од кои 329 хектари обработливо земјиште, 219 хектари пасишта и 35 хектари шуми.

Гајранци
Се наоѓа на надморска височина од околу 400 метри, со вкупен број на жители 36 ( 19 мажи и 17 жени ) во 19 домаќинства со вкупно живеалишта (станови ) 56. Вкупната површина изнесува 8,1 км2, со вкупна аграрна површина од 782 хектари, од кои обработливо земјиште 251 хектар и шуми 5 хектари, или во проценти ( 60% пасишта, 38% обработливо земјиште и смо 2% се под шуми и необработливо земјиште).

Горни Стубол
Се наоѓа на надморска височина од 670 метри и вкупно 99 жители (54 мажи и 45 жени) во 44 домаќинства, а има 54 живеалишта (станови). Вкупната површина е 7,9 км2, од кои аграрна површина е 757 хектари (330 хектари обработливо земјиште, 249 хектари со пасишта и 133 хектари со шуми).

Горно Барбарево
Се наоѓа на надморска височина од 650 метри каде живеат вкупно 37 жители (20 мажи и 17 жени) во 21 домаќинство, во селото има 37 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар изнесува 15,2 км2, од кои 1,378 хектари се аграрни површини (511 хектари обработливо земјиште, 751 хектар пасишта и 116 хектари шуми).

Гризилевци
Се наоѓа на надморска височина од 800 метри со вкупно 22 жители (10 мажи и 12 жени) во 13 домаќинства а има 35 живеалишта 9 станови . Вкупната површина на селскиот атар изнесува 3,4 км2 од кои аграрна површина е 280 хектари (115 хектари обработлива површина, 82 хектари пасишта и 83 хектари шуми).

Гујновци
Надморска височина 335 метри со вкупно 33 жители (18 мажи и 15 жени) 15 домаќинства и 27 живеалишта (станови). Вкупна површина од 5 км2 од кои 459 хектари вкупната аграрна површина (331 хектар обработливо земјиште, 118 хектари пасишта и само 10 хектари се под шуми).

Јамиште
Јамиште е мало планинско село кое според пописот 2002 година има вкупно 10 жители (5 мажи и 5 жени) и 5 домаќинства со вкупно 76 живеалишта (станови). Вкупна површина на селскиот атар изнесува 19,7 км2, а според структурата на вкупната аграрна површина од 1.954 хектари, 132 хектари се обработливо земјиште, 429 хектари се пасишта и 1.393 хектари се под шуми.

Калниште
Се простира на надморска височина од 600 метри и има вкупно 2.102 жители (1.083 мажи и 1.019 жени) во 623 домаќинства и 1.052 живеалишта (станови).

Куково
Се наоѓа на надморска височина од 570 метри и со вкупно 18 жители (8 мажи и 10 жени) а имало 10 домаќинства и 28 живеалишта (станови). Вкупната површина на атарот на село Куково зафаќа 9.4 км2, од кои вкупната аграрна површина е 992 хектари. Според структурата ја сочинуваат 449 хектари обработливо земјиште, 404 хектари пасишта и 24 под шума.

Кундино
Се наоѓа на надморска височина од 710 метри, со пописот од 2002 година во Кундино живеат 81 жител (40 мажи и 41 жена) во 35 домаќинства со вкупно 66 живеалишта (станови). Вкупната површина на атарот е 7.4 км2, а според структурата аграрната површина изнесува 682 хектари од кои 275 хектари обработливо земјиште, 147 хектари пасишта и 260 хектари шуми.

Лесново
Според местоположбата се наоѓа на надморска височина од 900 метри и вкупно 41 жител ( 18 мажи и 23 жени ) и 25 домаќинства со вкупно 78 живеалишта.Поврината на селскиот атар изнесува 14.1 км2 од кои вкупната аграрна површина е 1360 хектари (168 хектари обработливо земјиште, 618 хектари се пасишта и 574 хектари шума).

Лезово
Се наоѓа на надморска височина од 400 метри со вкупно 44 жители (22 мажи и 22 жени), во 22 домакинства и 53 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 7.7 км2 , од кои вкупна аграрна површина 689 хектари и тоа (357 хектари обработливо земјиште, 330 хектари пасишта и само 2 хектари се под шума).

Марчино
Селото Марчино се наоѓа на надморска височина од 700 метри и вкупно 26 жители (12 мажи и 14 жени) со вкупно 15 домаќинства и 37 живеалишта (станови). Селскиот атар опфаќа површина од 5.99 км2, од кои вкупната аграрна површина е 551 хектар, со следната структура: обработливо земјиште 252 хектари, пасишта 141 хектар и под шуми 158 хектари.

Неокази
На надморска височина од 450 метри со вкупно 95 жители (49 мажи и 46 жени) во 36 домаќинства и 60 живеалишта (станови). Од вкупната површина од 5,8 км2, аграрна површина е 546 хектари, од кои 306 хектари се обработливо земјиште, 234 хектари пасишта и само 6 хектари се шуми.

Пестришино
Се наоѓа на надморска висожина од 600 метри со само 10 жители (4 мажи и 6 жени) во 5 домаќинства а има 19 живеалишта (станови). Површината на селскиот атар изнесува 7.7 км2 при што вкупната аграрна површина е 728 хектари, од кои 311 хектари е обработливо земјиште, 409 хектари се под пасишта и 24 хектари шуми.

Петршино
Се наоѓа на надморска висоина од 505 метри и има вкупно 60 жители (32 мажи и 28 жени), во 34 домаќинства а вкупно 101 живеалиште (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 6.4 км2 со следната аграрна структура: вкупните аграрни површини од 614 хектари ги сочинуваат 470 хектари обработливо земјиште, 136 хектари пасишта и само 8 хектари шуми.

Пишица
На надморска височина од 450 метри и вкупно 168 жители (78 мажи и 90 жени) во вкупно 57 домаќинства а во селото има вкупно 88 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар изнесува 7.3 км2 , со аграрна структура на земјиштето со површина од 629 хектари, од кои 347 хектари се обработливо земјиште, 266 хектари се пасишта и само 16 хектари се шуми.

Плешенци
На надморска височина од 590 метри со вкупно 168 жители (92 мажи и 76 жени) 68 домаЌинства и 112 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар на Плешенци изнесува 9,6 км2, од кои 914 хектари се аграрни површини (396 хектари обработливо земјиште, 274 хектари пасишта и 244 хектари шуми).

Пуздерци
Надморската височина изнесува 460 метри со вкупно 34 жители ( 20 мажи и 14 жени ), во селото има 17 домаќинства и 31 живеалиште ( станови ). Селскиот атар изнесува 6,1 км2 , од кои според аграрната структура вкупните земјоделски површини зафаќаат 586 хектари, при што 354 хектари се обработливо земјиште, 225 хектари се пасишта и само 7 хектари шуми.

Ратавица
Се наоѓа на надморска височина од 460 метри, со вкупно 277 жители (134 мажи и 143 жени), а вкупно 80 домаќинства и 133 живеалишта (станови).
Селскиот атар од 3,5 км2 ја има следната структура. Вкупната аграрна површина изнесува 232 хектари, од кои 165 хектари обработливо земјиште, 157 хектари пасишта и само 1 хектар под шуми.

село Пробиштип
Оваа населено место е едно од најстарите во општина Пробиштип и датира од 14 век. Се наоѓа на надморска височина помеѓу 550 и 650 метри и има 669 жители (339 мажи и 330 жени) во вкупно 200 домаќинства а во него се евидентирани вкупно 280 живеалишта (станови). Вкупната обработлива површина на атарот изнесува 631 хектар, од кој околу 2/3 се обработливо земјиште, а површините под пасишта се помали а најмали се површините под шуми.

Шталковица
Се простира на надморска височина од 650 до 1100 метри и вкупно број на 44 жители (26 мажи и 18 жени) во 16 домаќинства, и 41 живеалиште (станови). Од вкупната површина на атарот 24,6 км2 село со најголема површина во општина Пробиштип, аграрна површина вкупно 2338 хектари, од кои 206 се обработливо земјиште, 706 пасишта и 1426 хектари се под шуми.

Стрисовци
Се наоѓа на надморска височина од 500 метри и вкупно 54 жители (31 маж и 23 жени) 30 домаќинства и 64 живеалишта (станови). Од селскиот атар со површина од 16,4 км2 , вкупна аграрна површина е 1549 хектари, од кои 746 хектари обработливо земјиште, 731 хектари пасишта и 72 хектари шуми.

Стрмош
На надморска височина од 475 метри со вкупен број на жители 294 (143 мажи и 151 жени). Од вкупната површина на селскиот атар од 5,6 км2, 527 хектари се аграрна површина, која ја сочинуваат 387 хектари обработливо земјиште, 132 хектари пасишта и 8 хектари шуми.

Трипатанци
Се наоѓа на надморска височина од 390 метри со вкупен број на жители од 126 (65 мажи и 61 жена). Површината на селскиот атар изнесува 4,9 км2 од кои вкупна аграрна површина 437 хектари (251 хектар обработливо, 180 хектари пасишта и само 6 хектара шуми).

Трооло
Надморска височина од 470 метри и број на жители од 45 (26 мажи и 19 жени) во 21 домаЌинство, а во селото се евидентирани 29 живеалишта (станови). Вкупната површина на селскиот атар е 13,9 км2, од кои аграрни површини 1368 хектари (465 хектари обработливо земјиште, 889 хектари пасишта и 14 хектари шуми).

Турско рудари
Селото се наоѓа на надморска височина од 570 метри, а вкупна површина на селскиот атар изнесува 10,4 км2, од кои аграрна површина е 882 хектари со следната структура: обработливо земјиште 263 хектари, пасишта 388 хектари и шуми 231 хектар.

Зарапинци
Се наоѓа на надморска височина од 425 метри, каде живеат само 12 жители (6 мажи и 6 жени) во 7 домаќинства и 12 живеалишта (станови). Површина на селскиот атар е 4,3 км2, аграрна површина опфаќа 423 хектари, од кои 204 хектари обработливо земјиште, 213 хектари пасишта и само 6 хектари шуми.

Зелениград
Најпланинското село и се наоѓа на просечна надморска височина од 1150 метри, каде живеат само 7 жители (3 мажи и 4 жени) со 5 домаќинства, а има 30 живеалишта (станови). Селскиот атар зафаќа вкупна површина од 14,4 км2. Вкупната аграрна површина изнесува 1.424 хектари, со следната аграрна структура: 126 хектари обработливо земјиште, 489 хектари пасишта и 809 хектари се под шуми.

Злетово
Најстариот официјален податок кој го покажува илјадагодишното постоење на Злетово, како место и центар во Злетовската област е повелбата од 1019 година. Според пописот 2002 година во населеното место Злетово живеат вкупно 2.477 жители (1.262 мажи и 1.215 жени) кои живеат во 733 домаќинства. Вкупната површина на атарот на Злетово изнесува 10,4 км2, од кои аграрна површина се 915 хектари ( 331 хектар обработливо земјиште, 491 хектар пасишта и 143 хектари шуми ).