Драган Анастасов
Градоначалник на општина Пробиштип

БИОГРАФИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ 

Драган Анасатсов е роден на 23 јануари 1985 година во Пробиштип. Дипломирал на Европскиот Универзитет – Факултет за детективи и криминалистика.  Во периодот од 2009 до 2013 работи во приватниот сектор, од 2009 до 2011 управува со „Аква парк“ во Пробиштип, а од 2011 до 2013 управува со хотел „Сан Нико“ – Пробиштип. Бил советник во Советот на општина Пробиштип во четиригодишен мандат од 2009 до 2013 година, додека од 2015 до 2017 година работел во ЈП Паркинзи во општина Центар. Зборува активно англиски јазик.

Во 2017 година на локалните избори е избран за градоначалник на општина Пробиштип и успшено ја спроведува својата програма, со околу 80% реализација на истата, при што реализира повеќе капитални инфраструктирни проекти, како во соработка со ресорните министерства, Владата на Република Северна Македонија, така и со меѓународна соработка со Република Словенија, Република Грција и Република Бугарија. Анастасов е реизбран за градоначалник на општина Пробиштип на локалните избори во 2021 година.

e-mail: gradonacalnik@probistip.gov.mk

Надлежности на градоначалникот

1. Градоначалникот ја претставува и застапува општината;
2. Градоначалникот ја контролира законитоста на прописите на советот;
3. Градоначалникот ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;
4. Градоначалникот го обезбедува извршувањето на одлуките на советот;
5. Градоначалникот го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;
6. Градоначалникот иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
7. Градоначалникот го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
8. Градоначалникот го извршува буџетот на општината;
9. Градоначалникот избира директори на јавни служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
10. Градоначалникот редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;
11. Градоначалникот решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
12. Градоначалникот донесува правилник за систематизација на работни места на општинската администрација;
13. Градоначалникот раководи со општинската администрација;
14. Градоначалникот одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
15. Градоначалникот обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со законите и статутот;
16. Градоначалникот врши други работи утврдени со закон и со статут;
Градоначалникот може да овласти раководен службеник во општината да ја води постапката и да решава управни работи, како и да потпишува акти.