Јавен оглас за ангажирање на работници по Акциониот план за јавни работници

Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на 15 работници за време од седум месеци со скратено работно време, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуваат на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни  објекти согласно Акциониот план за вршење на јавните работи.

Прочитај повеќе на javen oglas za javni raboti

Повик за јавни работи

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата за работно ангажирање на – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување и општина Пробиштип, објавуваме

ЈАВЕН ПОВИК
до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска подршка во износ од 400 денари по ангажирано лице дневно од која сума се одбива вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 22 дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните вневработени лица, детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.

Заинтересираните лица може да поднесат пријава до 22.05.2019 година во општина Пробиштип, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Пробиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.

Општина Пробиштип

ВЕЛИГДЕНСКИ ХЕПЕНИНГ 2019

Денес, на повеќенаменското игралиште во Злетово и на градскиот плоштад „Св.Гаврил Лесновски“ во Пробиштип се одржа традиционалниот Велигденски хепенинг 2019. На истиот, како и секоја година активно учествуваа дечињата и учениците од детската градинка и општинските училишта во општина Пробиштип. Манифестацијата со свои настапи ја збогатија и балетското студио „Магија“ и КУД „Злетовски рудар“.
Општина Пробиштип Ви посакува среќни и весели Велигденски празници.

veligdenski hepening 2 veligdenski hepening 3 veligdenski hepening 4 veligdenski hepening 5 veligdenski hepening 6 veligdenski hepening 7 veligdenski hepening 8 veligdenski hepening 9 veligdenski hepening 10

ПРОЕКТ МЛАДИНСКА КАРТИЧКА

Агенцијата за млади и спорт го имплементира проектот „Младинска картичка“ кој нуди попусти за млади од 15 до 29 години, во разни области кои се од интерес на младите и се дел од секојдневието на еден млад човек. За таа цел упатуваме апел до сите правни субјекти од Општина Пробиштип да се приклучат во проектот преку своја понуда на попусти за младите и да придонесат во крајната цел на овој проект, а тоа е подобрување на младинскиот стандард и зголемување на можностите за младите на локално ниво.

Правните субјекти имаат можност да одредат своја понуда на попусти за младите и да ја презентираат истата преку младинската картичка, со што ќе успеат да се промовираат и помеѓу младите на локално ниво, но исто така и помеѓу сите млади корисници на картичката. Картичката овозможува директен контакт на компаниите со младите и претставуваа можност за компаниите да ги промовираат своите услуги и производи помеѓу оваа категоријата млади од 15 до 29 години.

Од друга страна овој проект ќе овозможи финансиско олеснување за младите и голем број на поволности и бенефиции во нивното секојдневие, што ќе го подобри начинот на живот на младите, за што ние како општина континуирано се залагаме.

Правните лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот и да добијат повеќе информации за можноста за воспоставување на партнерски однос со Агенцијата за млади и спорт во врска со овој проект, можат да се обратат во Општината во Одделението за  локален економски развој, на е-пошта: info@probistip.gov.mk или на телефон: 032 483 131 локал. 102.

Ги охрабруваме правните субјекти да се приклучат во проектот и да дадат свој придонес во креирањето на алатка од која најголем бенефит ќе имаат младите луѓе, најдоцна до 10.05.2019 година.

Концептот на општествена одговорност треба да биде применет во работата на секоја компанија и секогаш да работиме во насока на подобрување на квалитетот на живот во општество за сите.

ОДРЖАНА ДЕВЕТАТА СЕДНИЦА НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

Денес, 16.04.2016 година се одржа деветата седница на Локалниот совет за превенција при општина Пробиштип. Темата на седницата беше „Улогата и значењето на институциите за безбедно спроведување на Претседателските избори 2019“.

На седницата присуствуваа претсавници од Секторот за внатрешни работи од Штип, Полициска станица од Пробиштип, претседателот и членови на Советот на општина Пробиштип, преставник од Општнската изборна комисија, Советодавната граѓанска група, претсавници од образование, здравство, медиуми и други.

За надлежностите на Општинската изборна комисија зборуваше претседателката Ана Ѓоргиева, командирот на Полициската станица Пробиштип, Панче Јовановски ја истакна улогата на полицијата при обезбедувањето на Претседателските избори. Свое излагање имаше и началникот на отсекот за превенција од СВР Штип, Ангелче Стојановски, којшто зборуваше за составот и улогата на Локалниот совет за превенција за цел успешно спроведување на изборите.

Заклучок од седницата изнесе Љупчо Благоевски, којшто ја водеше седницата во замена на градоначалникот, со порака до граѓаните на општина Пробиштип, да покажат одговорност на овие избори, да се одржат во мирна и безбедна атмосфера, согласно изборните закони без да се загрози безбедноста и мирот на граѓаните.

prevencija 2

Бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта

По повод Светскиот ден на здравјето – 7 април, ЈЗУ Здравствен дом “Нада Михајлова” – Пробиштип во соработка со општина Пробиштип организира хуманитарна акција – Бесплатно мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Акцијата ќе се одржи на плоштадот „Св.Гаврил Лесновски”, на 07.04.2019 година  (недела) од 11:00 до 14:00 часот.

Одбележан 3 Април – Ден на нападот на рудниците во Пробиштип

Во организација на Општинската организација на резервни офицери на Пробиштип, а под покровителство на Градоначалникот на општина Пробиштип, на спомен паркот „Братство и единство“, се одржа свечено одбележување на 3 април, нападот на рудниците за олово и цинк „Злетово“ од страна на Третата македонска ударна бригада во далечната 1944 година, а од минатата година е и патрон на ОО на резервни офицери на Пробиштип.
Одбележувањето на Денот започна во раните утрински часови со марш до месноста „Солиште“. Подоцна, на спомен паркот „Братство и единство“ се одржа централната манифестација со културно уметничка програма, во склоп на која се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од повеќе делегации.

3 April 2019 2 3 April 2019 3 3 April 2019 4 3 April 2019 5 3 April 2019 6 3 April 2019 7

Соопштение, известување, покана и анкетен лист за Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 13.2

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 13.2 КО Пробиштип, општина Пробиштип
DUP-za-Blok-13.2-Probistip-58

Соопштение, известување, покана и анкетен лист за Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 13.1

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 13.1 КО Пробиштип, општина Пробиштип

 

Анкетен лист за ДУП за Блок 13.1

известување за ЈП и ЈА за Блок 13.1.p.g.-potpisano

Соопштение за ЈП и ЈА за Предлог-ДУП за Блок 13.1 Пробиштип

DUP-za-Blok-13.1-Probistip-56