Поради зголемената потреба од логопедските третмани општина Пробиштип ангажираше двајца логопеди . Се известуваат сите заинтересирани родители кои нивните деца имаат проблеми во говор и јазик и имаат потреба од логопедски вежби можат да закажат термин за логопедски третмани секој ден после 16 часот на телефонскиот број 075-389-555 Татјана Љапова и на тел.број 078-629-708 Клементина Ристова.
Логопедските третмани ќе се извршуваат во месеците јуни и јули во ООУ „Браќа Миладиновци“ и ПУ „Кирил и Методиј“ од страна на логопедите Татјана Љапова и Клементина Ристова.
Оваа активност ја реализира општина Пробиштип согласно постоечките протоколи за работа со деца поради состојбата со корона вирусот. Оваа активност е предвидена во програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2021 година.
На ден 03.06.2021 и 04.06.2021 година (вечерта – четврток кон петок) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
Врз основа на член 50 став (3)(4) и (5) од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2021 година со Одлука Број 26-928/16 од30.11.2020 год., објавена во „Сл.Гласник“ на Општина Пробиштип Бр.42/2020 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип го дава следното
СООПШТЕНИЕ
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план за вон населено место за изградба на Е113 -СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ И ПЛАНТАЖ (3 фотоволтаични централи до 1МУ/ моќност) на:КП.БР.2647, КП.БР.2632, КП.БР.2643, КП.БР.2642, КП.БР.2644, КП.БР.2639, КП.БР.2638, КП.БР.2604, КП.БР.2603, КП.БР.2602, КП.БР.2605 и КП.БР.2601 КО Добрево, Општина Пробиштип
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план вон населено место за изградба на Е1.13-Соларни и фотоволтаични електрани и плантажи (3 фотоволтаични централи до 1ММ/ моќност) на: КП.БР.2647, КП.БР.2632, КП.БР.2643, КП.БР.2642, КП.БР.2644, КП.БР.2639, КП.БР.2638, КП.БР.2604, КП.БР.2603, КП.БР.2602, КП.БР.2605 и КП.БР.2601 КО Добрево, Општина Пробиштип, со Тех.Број 127/2020 од мај 2021, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.
Известување за ЈП и ЈА за УПВНМ фотоволтаици КО ДОБРЕВО.p.g.-1
Соопштение за ЈП и ЈА за УПВНМ фотоволтаици КО Добрево – 17.05.2021 за објава.p.g.
Одлука за ЈП и ЈА за УПВНМ – Фотоволтаици КО Добрево 14.05.2021.p.g.
Врз основа на Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани, жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед и за утврдување на начинот, условите и постапката за субвенционирање бр. 26-284/8 од 12.03.2021 годна (Службен гласник на општина Пробиштип бр.3/2021) и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за одобрување субвенционирање на граѓани жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед и за утврдување начинот, условите и постапката за субвенционирање бр.26-468/16 од 29.04.2021 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.4/2021), а согласно предвидените средства во Програмата на општина Пробиштип за спроведување на активности на спортските друштва и за активности на општината во спортот за 2021 година бр. 26-928/9 од 30.11.2020 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.42/2020), на ден 18.05.2021 година се распишува следниот:
Ј А В Е Н П О В И К
за субвенционирање на граѓани – жители на општина Пробиштип на трошоците за набавка на велосипед
Општина Пробиштип потпиша меморандум за соработка со Институтот „Конфуциј“ – Скопје, кој работи при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а се однесува на изучување на кинески јазик во општина Пробиштип.
Двете договорни страни преку овој меморандум ја изразуваат својата подготвеност да соработуваат и заемно да дадат поддршка за изучување на кинескиот јазик (почетно, средно и напредно ниво, за постигнатото ниво учесниците ќе добијат и соодветна диплома), литература и култура, користејќи ги кадровските, стручните и просторните можности на двете страни.
Преку овој меморандум се овозможува на сите заинтересирани ученици, наствници и останати граѓани од нашата општина да ги изучуваат кинескиот јазик и култура. Ова подразбира бесплатни курсеви по кинески јазик кои ќе бидат организирани надвор од редовната настава, за почеток преку настава од далечина, а за понатаму, согласно условите кои ги налага пандемијата со Ковид-19, наставата би се одвивала и со физичко присуство во училиштата во попладневните часови.
Курсевите ќе опфаќаат изучување на кинескиот јазик, но ќе има и организација на културни настани, семинари и работилници за реализација на заеднички проекти. Овде се вклучени и активности насочени кон одбележување на разни прослави, годишнини, јубилеи, културни активности и други настани.
Сите заинтересирани лица можат да се пријават на mail danilaoshi25@gmail.com и на телефон 072 303 469, по што ќе бидат формирани групите, ќе се направи распоред на часовите и во најбрз можен рок ќе започнат со работа. Дополнителни информации учениците ќе добиваат од професорката Даниела Ефтимова и Институтот Конфуциј.
При пријавувањето Ве замолуваме да напишете име и презиме, телефонски број и емаил адреса за контакт. Учениците при пријавување да напишат и кое одделение заради организирање на групите по возраст. Доколку се пријавуваат ученици од основно, да се остави и број од родител за контакт.
Општина Пробиштип го реализираше проектот на USAID “Меѓуетничка интеграција во образованието” заедно со Младинскиот образовен форум и МЦГО.
Општина Пробиштип врз основа на Стратегијата за меѓуетничка интеграција во образованието доби поддршка од Младинскиот образовен форум и МЦГО за реализација на младинската иницијатива, во соработка со општинските училишта, кои делегираа по 5 младинци, а се одржаа и неколку форуми на далечина од кои што произлезе идејата за поставување на урбаната опрема во овој парк.
За реализација на проектот општината учествуваше со 50% од буџетот на проектот, за што оддели 63.000 илјади денари, додека остатокот од средствата се од проектот на USAID.
Општина Пробиштип продолжува да ги поддржува младите и нивните иницијативи и останува отворена за соработка и во иднина.
Објавен е Јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишуваши и реонски инструктори
Почитувани сограѓани,
Општина Пробиштип ги известува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изграден објект, а кои досега немаат добиено Решение за легализација, поради запазување на законскиот рок за решавање, којшто истекува во март 2021 година, да се јават на тел. бр. 032/ 483-131, локал 123 или лично да дојдат во Одделението за урбанизам на општина Пробиштип, секој работен ден во периодот од 07:30 – 15:30 часот, со цел регулирање на статусот на нивниот предмет.
Во спротивно барањата со нерегулиран статус ќе бидат одбиени.
Со почит,
Општина Пробиштип