С О О П Ш Т Е Н И Е

За спроведување на јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок  11, Урбан Модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип

 Член 1

            Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11,Урбан Модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех.Број 23/2021 од ноември 2021, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Член 2

              Опфатот на Измената и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од Урбан блок 11,Урбан модул 4 на Град Пробиштип се наоѓа во југозападниод дел на градот.

Границата на Урбаниот модул 4, дел од Урбан блок 11, се движи по осовините на следните улици:

  • на источната, северо-источната и југо-источната страна по ул.„Гоце Делчев“;
  • на јужната страна по дел од ул.„Јаким Стојковски“;
  • на западната и северо-западната страна по дел од ул.„Јордан Стојанов“.

Согласно опишаните граници за Измената и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од Урбан блок 11 , Урбан модул 4 на Град Пробиштип, вкупната површина на планскиот опфат изнесува  5.13 ha.

Планскиот период на измената и дополна на Деталниот урбанистички план за дел од Урбан блок 11 , Урбан модул 4 на Град Пробиштип се предвидува да го опфати периодот од 2021 до 2026 година. Просторот опфатен во урбаниот модул е во рамките на градежниот реон на центарот на Град Пробиштип, третиран со Генералниот урбанистички план. Поточно, се работи за дел од Урбан блок 11, Урбан модул 4, согласно поделбата дефинирана со ГУП на град Пробиштип.

Соопштение за ЈП и ЈА за измена и дополна на ДУП за Блок 11,UM 4, КО Пробиштип – 09.11.2021 за објава potpisan.p.g.

известување до субјекти за ЈП и ЈА за измена и дополна на ДУП за дел од Блок 11, УМ 4 09.11.2021 potp.p.g.

Анкетен лист за ЈА и ЈП за измена и дополна на ДУП за дел од УБ 11,УМ 4

PP-DUP-Probistip-UB-11-UM-4-pot.4_[signed]-72