Реконструкција на отворено игралиште во Злетово

Денес (03.07.2018) како дел од Проектот за реконструкција на отвореното игралиште во подрачното училиште во Злетово, е поставен нов асфалтен слој на игралиштето, по што ќе следи негово одбележување и поставување на табли за баскет и нова конструкција за голови, ќе бидат реконструирани трибините и ќе се уреди просторот за седење и санација на оградата околу игралиштето.

igraliste2

igraliste3

Завршна конференција за проектот „Заеднички инвестиции во енергетска ефикасност“

Денес,  27.06.2018 во Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип се одржа завршната прес конференција за проектот „Заеднички инвестиции во енергетска ефикасност“, чија што цел е реконструкција на административни згради во општина Рила и општина Пробиштип. Проектот е финансиран преку Програмата Interreg-IPA CBC за преку гранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.

Завршната конференција ја отворија и со неа раководеа градоначалникот Драган Анастасов и раководителот на проектот Васко Златковски и помошник на раководителот на проектот Марија Митева, кои пред присутните ги претставија спецификите на проектот и реализираните активности како и идните планови за понатамошно интериорно уредување на објектот.

На Конференцијата присуствуваа: советникот за европска интеграција од Министерството за локална самоуправа Вулнет Арифи, градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, градоначалничката на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова, претседателот на советот Љупче Благоевски, советници од Советот на општина Пробиштип и други раководители на општински институции.

proekt (2) proekt (3) proekt (4) proekt (5) proekt (6) proekt (7) proekt (8)

Лесновска ликовна колонија 2018

На 25.06.2018 година во Домот на културата „Злетовски рудар„  во Пробиштип беше отворена 27-та меѓународна Лесновска ликовна колонија. Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов истакна дека општина Пробиштип е горда што ја има Лесновската ликовна колонија како свој препознатлив културен бренд, ги поздрави уметниците и им посака многу инспирација за убави дела.

Во наредните седум дена во општина Пробиштип ќе творат уметниците: Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Тони Чатлески, Ангел Коруновски од Македноија, Олга Панкина, Светлана Владимирова Орлова и Светлана Еланцева од Русија, Немања Јовановиќ и Јелена Тамбуриќ од Србија и Маријана Везарова од Бугарија.

Уметниците ќе престојуваат во Лесново, а нивна инспирација ќе бидат Лесновскиот манастир, пештерските цркви, пештерите од каде што се вадел прочуениот воденичарки камен, вулканскиот кратер и прекрасната природа што го опкружува овој амбиент. Оваа година покрај во Лесново уметниците ќе бидат и на различни локации во градот каде што граѓаните на општина Пробиштип ќе можат непосредно да ја следат изработката на уметничките дела.

llk 2018 (2) llk 2018 (3) llk 2018 (4)

Намалување на трошоците за правните лица во општина Пробиштип за користење на простор пред деловните простории за 40% и зголемување на платите во ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип за 11,11%

На 20.06.2018 година (среда), Советот на општина Пробиштип ја одржа својата 11-та редовна седница на која беа разгледани 13 точки. Советниците во општинскиот Совет дадоа зелено светло на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во општина Пробиштип, со која го намалија износот за користење на простор пред деловните простории за вршење дејност од 8 денари, на 5 денари по м2. Со ова трошоците на правните лица на територија на општина Пробиштип се намалуваат за 40%. Исто така, Советот на општина Пробиштип даде Согласност на Правилникот за утврдување на платите и другите парични надоместоци на вработените во ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип, со што после 10 години е зголемена платата на вработените во просек за 11,11%. Со ова, иако во Пробиштип не се дозволи покачување на цената на водата, после долги години е исправена една голема неправда за вработените во ЈКП и по намалувањето на платите во 2014 година, сега се отвара можност за праведна и реална пресметка на личниот доход.

 

Светски ден на крводарителство

По повод светскиот ден на крводарителството – 14-ти јуни, општина Пробиштип во соработка со Црвен крст и волонтерите од Мировниот корпус, го одбележаа денот со отварање на новите простории на Клуб за млади при Црвен крст, каде малдите ќе спореведуваат работилници, идни проекти и активности.

Црвениот крст, додели благодарнца на општина Пробиштип за досегашната успешна соработка, во знак за признание за организација и постигнатите резултати во крводарителството и покажаната хуманост и солидарност.

Општина Пробиштип во соработка со Црвениот крст, по повод јубилејно 50 пати дарување на крв на наши сограѓани им додели пригодни награди и признанија, честитајќи им за хуманоста им посакаа да бидат хумани и во иднина.

krvodariteli 2018 (2) krvodariteli 2018 (3) krvodariteli 2018 (4) krvodariteli 2018 (5) krvodariteli 2018 (6)

Јавен повик до НВО

Јавен Повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за 2018 година за здруженија на граѓани врз основа на предлог проекти.

Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален економски развој за 2018 година во Подпрограмата за здруженија на граѓани за реализација на проекти од страна на граѓанските здруженија од буџетот на општина Пробиштип.

Javen oglas za NVO

Објава бр.12 за продажба на недвижни ствари

Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип  бр.26-489/3 од 16.05.2018 година, се следните недвижни ствари:

1. Недвижен имот евидентиран во Имотен лист бр.233 за КО Лезово

  • КП бр. 612 за КО Лезово градежно земјиште    со вкупна овршина од 1404 м2
  • КП бр. 612 за КО Лезово земјиште под зграда    со вкупна овршина од 240 м2
  • КП бр. 612 за КО Лезово зграда 1, намена на зграда В1-1, влез 1, кат ПО  со вкупна овршина од 18 м2
  • КП бр. 612 за КО Лезово зграда 1, намена на зграда В1-1, влез 1, кат ПР  со вкупна овршина од 1240 м2,

со утврдена пазарна вредност од   756.696,00 денари.

2. Недвижен имот евидентиран во Имотен лист бр. 376 за КО Добрево

  • КП бр. 1741 за КО Добрево зграда 2, намена на зграда Ф3, влез 1, кат ПР со вкупна површина од 183 м2
  • КП бр. 1741 за КО Добрево зграда 2, намена на зграда Ф3, влез 1, кат К1 со вкупна површина од 208 м2

Со утврдена пазарна вредност од 1.193.080 денари

Линк до систем за е-аукции

Objava 12

Јавен повик до евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Врз  основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија за Програмата за работно ангажирање на  – јавни работи, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување, општина Пробиштип објавува

ЈАВЕН ПОВИК
до
Евидентирани невработени лица со ниски квалификации

Се повикуваат Евидентирани невработени лица со ниски квалификации кои се заинтересирани за учество во Јавни работи во проекти од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во општина Пробиштип.

За спроведување на оваа програма е предвидена финансиска подршка во износ од 400 денари по ангажирано лице, дневно со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, за период од 22 дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Единиците на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување на Република Македонија и невработените лица.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираното невработено лице пополнува пријава за учество, изјава за согласност и доставува копија од лична карата и трансакциска сметка. При пријавувањето за учество во програмата за да се олесни селекцијата на кандидатите, заинтересираните вневработени лица,  детално се информираат за работните задачи кои треба да ги извршуваат.

Заинтересираните лица може да поднесат пријава до 13.06.2018 година во општина Пробиштип, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот. Детални информации можат да се добијат во општина Провиштип, Центар за вработување Пробиштип и Центарот за социјални работи Пробиштип.

Општина Пробиштип

Асфалтирање на дел од улица „Миро Барага“

Во општина Пробиштип започна асфалтирање на дел од регионалниот пат, улица „Миро Барага“, на потегот од конфекција „Линеа“ кон влезот на градското подрачје. Коловозот е со должина од 1.250 метри, ширина 7 метри и дебелина од 5 сантиметри

Асфалтирањто го врши ЈП „Македонија пат“, додека делот за уредување на одводнувањето и уредувањето на тротоарите односно велосипедската патеката, како и понатамошното одржување се во надлежност на општина Пробиштип.

Во Општина Пробиштип во наредниот период ќе следат повеќе активности во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици и тоа:

1. Реконструкција на улицата „Црн Врв“ со изградба на тротоари

2. Асфалтирање на повеќе улички во населбата Пробиштип

3. Аслфалтирање на улицата паралелна со улица „Никола Карев“ (помеѓу таканаречените „двокуќи“)

4. Изградба на тротоари на дел од улица Јордан Стојанов (од спојот со улицата „Нада Михајлова“ до улица „Партизанска“)

5. Изградба на улици во населено место Плешенци и во населено место Долни Стубол.

6. Санирање на ударните дупки по улиците низ општината, за што веќе е завршена и тендерската постапка и избран е изведувач

7. Изработка на проктна документација за улици, елаборати за експропријација, рeвизии на проекти и трошоци за надзорски работи на улиците.

asfaltiranje 2018 - 2 asfaltiranje 2018 - 3 asfaltiranje 2018 - 4 asfaltiranje 2018 - 5