На 20.06.2018 година (среда), Советот на општина Пробиштип ја одржа својата 11-та редовна седница на која беа разгледани 13 точки. Советниците во општинскиот Совет дадоа зелено светло на Одлуката за измени и дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во општина Пробиштип, со која го намалија износот за користење на простор пред деловните простории за вршење дејност од 8 денари, на 5 денари по м2. Со ова трошоците на правните лица на територија на општина Пробиштип се намалуваат за 40%. Исто така, Советот на општина Пробиштип даде Согласност на Правилникот за утврдување на платите и другите парични надоместоци на вработените во ЈКП „Никола Карев“ – Пробиштип, со што после 10 години е зголемена платата на вработените во просек за 11,11%. Со ова, иако во Пробиштип не се дозволи покачување на цената на водата, после долги години е исправена една голема неправда за вработените во ЈКП и по намалувањето на платите во 2014 година, сега се отвара можност за праведна и реална пресметка на личниот доход.