Известување за ждребување за места за лепење на изборни плакати во Општина Пробиштип

Се известуваат сите политички партии, коалиции и група избирачи чии листи на кандидати за Пратеници во Собранието на РСМ се прифатени од страна на ДИК за Парламентарните избори што треба да се одржат на 15.07.2020 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип, ќе се одржи на 26.06.2020 година (петок) во 12:30 часот во салата на Општината Пробиштип.
Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 26.06.2020 година (петок) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Соопштение (УПВНМ) со основна класа на намена Е2 (фотоволтаична централа) во КО Бучиште

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план за вон населено место со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура (фотоволтаична централа) во КО Бучиште: КП 1/1,56,57,58,45,46,102/11 и дел од КП 1/2, 2, 3, 5, 8,10,11,12,13, 33,34, 35, 42, 55/2, 967, 968, КО Петршино: КП 1362/3,1362/4,1363/3,1364/4,1364/5 и дел од КП 1066,1361/2, 1365/1,1490,1501,1502,1503,1532,1533 – Општина Пробиштип.

Соопштение за ЈП и ЈА за УПВНМ фотоволтаици – p.g.

известување за ЈП и ЈА за УПВНМ фотоволтаици-p.g.

Анкетен лист за УПВНМ Фотоволтаици

Известување со Уредба за ЈА и ЈП

УПВНМ-фотоволтаична-централа-Е2---КО-Бучиште-и-КО-Петршино-општина-Пробиштип-12.05.2020-153

Последна фаза од спроведувањето на БИООТПАД

Проектот БИООТПАД – Плаќај колку што создаваш отпад после 33 месечни активности полека се движи кон својот крај. Административното затворање на проектот со Балкан мед програмата не значи и прекинување на работата на скоро 200 000 евра вредните компостерски единици туку напротив значи дека Пробиштип ќе стане предводник во регионот кој ќе започне со имплементација на Директивата за органски отпад на ЕУ.

Сепарацијата и одлагањето на органски отпад во компостерките и покрај состојбата со Ковид 19 во Пробиштип се одвива иако со малку намален капацитет од предвиденото. Граѓаните кои одлагаат органски отпад во компостерките се максимално посветени и вклучени во соработката, а од страна на експертските лица – Професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ секојдневно се мониторира работата. Земени се и првите мостри за биохемиски анализи од компостот и истите се работат во Лабораториите на Универзитетот.

Денес средба остварија тимот управувачи на проектот БИООТПАД со техничките лица и со директорот на ЈП Никола Карев и се усогласија кои ќе бидат заедничките активности на сите чинители во успешното затворање на овој меѓународен проект.

biootpad 2 biootpad 3

Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 14.1

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 14.1 КО Пробиштип, општина Пробиштип

Соопштение за ЈП и ЈА ДУП 14.1 – повторно 27.04.2020 за објава

Известување за ЈП и ЈА за Блок 14.1 -повторна расправа

Анкетен лист за ДУП за Блок 14.1

sintezen-14-1

Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 5.3

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 5.3 КО Пробиштип, општина Пробиштип

Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП 5.3 за објава 28.04.2020

Известување за ЈП и ЈА за Блок 5.3 -повторна расправа

Анкетен лист за ДУП за Блок 5.3

sintezen-5.3

Јавна презентација и јавна анкета за Предлог ДУП за Блок 5.2

Известување за одржување на Јавна анкета и јавна презентација за донесување на ДУП за Блок 5.2 КО Пробиштип, општина Пробиштип

Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП 5.2 – за објава 27.04.2020

Известување за ЈП и ЈА за Блок 5.2 -повторна расправа

Анкетен лист за ДУП за Блок 5.2

sintezen-5.2

СРЕЌЕН ПРАЗНИК ПРОБИШТИПЈАНИ

Почитувани сограѓани,

Денеска е денот кога пред 76 години, во далечната 1944 година од страна на Третата македонска народноослободителна бригада и Косовскиот одред е извршен напад на поробените рудници за олово и цинкова руда „Злетово“ Пробиштип, над фашистичкиот окупатор.

Ден – симбол на непокорот и борбата за своето. Секоја година локалната самоуправа заедно со Општинската организација на резервни официри, која од пред 10 години го слави празникот како свој патрон, го одбележуваа со симболичен марш, постројување, давање на рапорт и со пригодна програма на спомен паркот „Братство и единство“.

Годинава се наоѓаме во период на светска пандемија, но ниту во еден момент не е заборавено херојското дело на сите што го дадоа својот живот за македонските идеали.

Среќен празник драги мои сограѓани. Нека ни е за многу години.

Соопштение од Стручно опертивна група на општина Пробиштип

Почитувани,

Врз основа на одржаната 23 (дваесет и третата) седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 19 март 2020 година и Извадокот од Нацрт-записникот на Влада на Република Северна Македонија бр.44-2282/4 и 6 (шестиот) состанок на Стручно опертивната група на општина Пробиштип од 20.03.2020 година за превземање на превентивни и оперативни мерки против корона вирусот, ви се доставуваат следните:

З А К Л У Ч О Ц И

  1. Се забранува собирање во група на повеќе од пет лица во паркови, плоштади и на други јавни места и јавни површини на територијата на општина Пробиштип.
  2. Се забранува одржување на наставата и спроведување на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи, за период од 14 дена.
  3. Се препорачува на сите работодавачи во општина Пробиштип, односно сите раководни лица во институциите, во зависност од типот на работата и можностите да ја организира работата и начинот на работа на вработените лица, преку: работа од дома, реорганизација на работата, работа во смени без да се наруши редовното и нормалното функционирање на фирмите и институциите.
  4. Сите маркети, аптеки, банки и пошта Пробиштип, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.
  5. Се известуваат сите микро, мали и средни компании од општината дека е вовоедена економска мерка со цел подобрување на ликвидноста на фирмите како и за полесно справување со последиците од корона вирусот и дека од страна на Развојната банка на Република Северна Македонија, а во зависност од бројот на вработени, ќе можат да подигнат кредит од 3 до 30 илјади евра,  и тоа:
  • Микро компаниите до 10 вработени ќе можат да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра
  • Малите компании со 10 до 50 вработени ќе можат да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра
  • Средните компании со 50 до 250 вработени ќе можат да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра

Кредитите се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти со грејс период од 6 месеци и рок на отплата од 2 години.

  1. Сите граѓани на општина Пробиштип кои во последните 14 (четиринаесет) дена го посетиле зимскиот рекреативен центар-Банско во Република Бугарија и ги посетиле земјите со висок и среден ризик на заразеност објавени на листата на Светската здравствена организација да се упатат на тест за дијагностицирање за корона вирус.
  2. Сите граѓани на општина Пробиштип да ги почитуваат мерките за самоизолација, а воедно и нивните членови од потесното семејство.
  3. Листата на овие лица ќе се достави до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за да во најбрз рок се изготват и достават решенијата за самоизолација.
  4. Се препорачува на сите граѓани да се придржуваат кон препораките кои се истакнати на сите јавни и видливи места.

 

Ви благодариме на разбирањето и се надеваме на сериозно, одговорно и дисциплинирано однесување по дадените препораки.

Стручно-оперативна група Пробиштип