Почитувани сограѓани,

Денеска е денот кога пред 76 години, во далечната 1944 година од страна на Третата македонска народноослободителна бригада и Косовскиот одред е извршен напад на поробените рудници за олово и цинкова руда „Злетово“ Пробиштип, над фашистичкиот окупатор.

Ден – симбол на непокорот и борбата за своето. Секоја година локалната самоуправа заедно со Општинската организација на резервни официри, која од пред 10 години го слави празникот како свој патрон, го одбележуваа со симболичен марш, постројување, давање на рапорт и со пригодна програма на спомен паркот „Братство и единство“.

Годинава се наоѓаме во период на светска пандемија, но ниту во еден момент не е заборавено херојското дело на сите што го дадоа својот живот за македонските идеали.

Среќен празник драги мои сограѓани. Нека ни е за многу години.