Соопштение – Програма за поставување на урбана опрема

Општина Пробиштип ја информира јавноста дека е во фаза на изработка на Програма за поставување на урбана опрема за 2026 година.

Со Програмата се уредуваат видовите на урбана опрема, локациите на кои таа се поставува, како и начинот и условите за нејзино поставување, дислоцирање и отстранување, во согласност со важечката законска регулатива.

Со цел донесување на квалитетна и сеопфатна Програма, која ќе биде во интерес на сите граѓани, Општина Пробиштип организира Јавна презентација на Предлог-програмата за поставување на урбана опрема.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, институции и правни лица да присуствуваат и да дадат свои мислења, предлози и сугестии.

Јавната расправа ќе се одржи на 27.01.2026 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во салата за состаноци во Домот на културата „Злетовски Рудар“.

Учеството на јавноста е од особено значење за создавање на пофункционално, уредено и квалитетно урбано живеење во Општина Пробиштип.

Соопштение – Водици 2026

По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип.

Во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата литургија во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 06:00 часот.

Во Пробиштип, манифестацијата ќе се одржи во 11:00 часот на Аква паркот, каде ќе се осветат водите во градскиот базен и ќе се одржи традиционалното капење по светиот крст. Светата литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 08:00 часот.

По завршувањето на литургиите, од двете цркви ќе се тргне со свечена литија кон местата на одржување на настаните, каде ќе се изврши чинот на осветување на водите и потопување на светиот крст.

Ги известуваме сите младоженци кои во текот на изминатата година стапиле во брак, како и сите граѓани кои имаат желба да учествуваат во капењето по светиот крст, дека е задолжително да извршат пријава во црквите во Пробиштип и Злетово.

Пријавувањето ќе се врши од 16 до 18 јануари 2026 година, секој работен ден, во период од 09:00 до 16:00 часот. Лицата кои нема да бидат пријавени нема да можат да учествуваат во капењето по светиот крст.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 17 јули

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 17 јули 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршi следните активности:

Трет адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип

Овој  третман ќе опфати:

– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе

– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак

– Течение на река Киселичка

– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип

-Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец

-Населба Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река

-Месност Глобица и водостој на рибник

– Кундиско езеро и брана Пишица и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите

Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ке се изврши  со почеток од 21:00 часот.

Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

 

Со почит,

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 2 јули

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во среда, 02 јули 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:
Втор адултициден третман (прскање) против возрасни комарци од земја на подрачјето на општина Пробиштип

Овој третман ќе опфати:
– Јаловишна депонија покрај регионален пат Пробиштип-Штип и јаловишна депонија Скрдово, мост кај с.Неокази на регионален пат Пробиштип-Свети Николе
– Сите водостојни базени во кругот на рудникот Булмак
– Течение на река Киселичка
– Водостој на безинска пумпа Макпетрол на влез во град Пробиштип
– Маричански дол од мост кон с.Добрево до мост до чешма Леговец
– Населба Злетово по течението на реката и мостот на Киселичка река
– Месност Глобица и водостој на рибник
-Кундиско езеро и брана Пишица и други локации по техничка спецификација од програмата и договорот за извршување на задачите

Адултициден третман (прскањето) од земја против возрасни комарци на целата територија на општината ке се изврши со почеток од 21:00 часот.

Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

Соопштение за спроведување на ларвицидна дезинсекција, дерaтизација и адултициден третман против комарци (12.06.2025)

Општина Пробиштип ги информира граѓаните дека во четврток, 12 јуни 2025 година, согласно Програмата за општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2025 година и препораките на Министерството за здравство, ќе се извршат следните активности:

– Ларвицидна дезинсекција против комарци
– Прва дерaтизација против глодари (стаорци)

– Време на извршување: од 10:00 до 15:00 часот

Овие третмани ќе опфатат:

– Подрачјата покрај реките Злетовица, Маричанска и Киселица
– Јаловишните депонии, браната Пишица и рудничките базени
– Сите шахти во централното градско подрачје и пригратските населби
– Просториите и околината на училиштата, здравствениот дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети

Во вечерните часови, со почеток од 21:00 часот, ќе се изврши и адултициден третман од земја против возрасни комарци на целата територија на општината.

Ги молиме граѓаните за соработка и придржување кон соодветни мерки на претпазливост за време на спроведувањето на третманите.

Со почит,
Општина Пробиштип

Известување за јавен увид – Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти

Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти за под-проект:

Реконструкција на ул. Никола Карев – Пробиштип

Реконструкција на дел од ул. Јаким Стојковски-Пробиштип

во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Пробиштип аплицираше со проект за под-проекти за Реконструкција на ул. Никола Карев – Пробиштип и Реконструкција на дел од ул. Јаким Стојковски-Пробиштип.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка  за Проектот, беше подготвен документ “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна Листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 14.04.2025 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Единица за Имплементација на Проект за поврзување на локални патишта Министерство за транспорт

Известување за јавен увид

Контролна Листа на ПУЖССА општина Пробиштип

Образец за коментари

Известување за дератизација 04.10.2024

Ве известуваме дека на ден 04.10.2024 година (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши Дератизација (еден третман – аплицирање на хемиски мамец).

Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ангажирана од Општина Пробиштип ќе изврши  Дератизација во шахти во централното градско подрачје и приградските населби во Калниште, Пробиштип и Злетово, со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравствен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 5 Септември

На 05.09.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден, 06.09.2024 (петок), на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 18 и 21 јули

На 18.07.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден, 19.07.2024 (петок), на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година.

На 21.07. 2024 (недела) во раните утрински часови предвидено е второ авионско третирање на територија на општина Пробиштип.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Прскање против комарци 4 јули

На 04.07.2024 (четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден, 05.07.2024 (петок), на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година.

Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.

Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.