Дечињата ја посетија општина Пробиштип

Денес, (26.12.2017 г.) дечињата од ЈОУДГ „Гоце Делчев“,  корисниците во  Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост и учениците од паралелката за деца со посебни потреби при ООУ„Браќа Миладиновци“ од Пробиштип, на градоначалникот Драган Анастасов, му ги честитаа Новогодишните и Божиќните празници, со рецитали и новогодишни песни му посакаа среќна и успешна година.

Градоначалникот ѝм посака среќни и весели детски денови и ѝм додели подароци.

poseta probistip (2) poseta probistip (3)

Прес конференција “БИООТПАД”

Денес на 19.12.2017 година (вторник) Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, заедно со м-р Васко Златковски и Марјан Михаилов, како експерти во проектот за БИООТПАД, во Конференциската салата при Домот на културата на Општина Пробиштип одржаа прес конференција за проектот. Општина Пробиштип е партнер заедно со уште три грчки општини и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип во процесот на сепарација на ѓубриво и добивање на биоѓубриво од органските материи кои се исфрлаат од угостителските објекти и дел од домаќинствата.

На прес конференцијата зборуваше градоначалникот Драган Анастасов со осврт на бенефитот од БИООТПАД за општина Пробиштип. Излагање имаше и проектниот менаџер м-р Васко Златковски за техничките спецификации на проектот и неговата имплементација во наредните години.

biowaste2

Лесново – иден Гео Парк

Денес, 11.12.2017 (понеделник) Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, одржа работен состанок со директорката на Источен плански регион, Драгица Здравева, националната координаторка на Програмата за зачувување на природата, Марјана Шушлевска и градоначалникот на општина Кратово Љупчо Бојаџиев, за номинирање на Лесново за Гео Парк. На состанокот се разговараше за можностите за забрзан развој во Кратовско – Злетовската област и зачувување на Гео вредностите.

 

Доделени наградите за најдобри фотографии

Во чест на празникот 8 Декември, Св. Климент Охридски, во минералошката збирка при Домот на култура, се случи изложба на фотографии добиени на Конкурсот за фотографии 2017. Сите вљубеници во добрата фотографија имаа можност да учествуваат на овој конкурс со фотографии во две категории, зададена тема „Мојот убав Пробиштип“ и слободна тема, но исклучиво фотографии од општина Пробиштип. На отварањето на изложбата на фотографии, градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов им додели дипломи со вредносни ваучери за наградените фотографии. Оваа година се погоди истите фотографи да ги добијат наградите и во двете категории. Со награда се закитија Давче Насевски кој го освои третото место со фотографиите „Манастир во фокус“ и „Бои на надеж“, Крсто Трајковски го освои второто место за „Есен во Марчино“ и „Снежната црква“, а со првото место се закити Константин Митевски за фотографиите „Есенски бои“ и „Пробиштип во ноќ“.izlozba foto konkurs 2017 (2) izlozba foto konkurs 2017 (7) izlozba foto konkurs 2017 (6) izlozba foto konkurs 2017 (5) izlozba foto konkurs 2017 (4) izlozba foto konkurs 2017 (3)

 

Средба со менаџерскиот тим на Рудникот Булмак 2016

Прва официјална средба со менаџерскиот тим на Булмак 2016, правно лице кое стопанисува со рудникот за олово и цинк во Пробиштип, на која ги договоривме насоките за понатамошна соработка, која ќе биде исклучиво во интерес на граѓаните на општина Пробиштип.

Приоритет на менаџерскиот тим на Булмак 2016 е рентабилното работење на рудникот, кое исто така, е во интерес на сите граѓани на општина Пробиштип. На средбата се разговараше и за новите инвестиции и вложувања во рудникот за 2018 година.

Пробиштип беше домаќин на третата станица на есенскиот џез караван

Во саботата на 2 Декември, во Минералошката збирка при Домот на култура „Злетовски рудар“ се случи еден несекојдневен настан. Во рамки на есенскиот  џез караван на Здружението на џез музичари и слободни уметници, трета станица по ред каде што се случи џез настанот  беше и  Пробиштип. Бројните посетители уживаа во убавата музика на Трајче Велков квартет, Next to silence и Летечките пекинезери. Особено интересни за публиката беа нашите реномирани музичари Трајче Велков – Труба и Горан Гешовски – Гешо, кои пак не го криеа заадоволството што се пред Пробиштипската публика. Концертот, кој што траеше околу три часа беше во организација на Здружението на џез музичари и слободни уметници и Општина Пробиштип, за кои ова е само почеток. Целта на соработката е токму тоа,  да се донесат вакви и слични настани кои се немаат случено во помалите места.

Р.И.

JAZZ koncert (1) JAZZ koncert (2) JAZZ koncert (3) JAZZ koncert (4) JAZZ koncert (5) JAZZ koncert (6) JAZZ koncert (7) JAZZ koncert (9)

Одбележан 3-ти декември, Меѓународниот ден за лица со попреченост

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост Градоначалникот на општина Пробиштип г-дин Драган Анастасов, Претседателот на Советот, Љупчо Благоевски и советничката група присуствуваа на настанот организиран од страна на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост.

Настанот беше одбежелан преку низа на забавни активности каде земаа учество најмалите, дечињата од детската градинка, балетското студио „Магија“ при Домот на културата Злетовски рудар Пробиштип, дечињата од паралелката за деца со посебни потреби при ООУ„Браќа Миладиновци“ и Антонија Анѓеловска позната со нејзиниот глас на неколкуте општински манифестации.

Децата со посебни потреби имаат еднакви права со правата на сите граѓани, имаат право на образование, инклузија, пристапност до сите инситуции. Ние како локална самоуправа должни сме да се грижиме и да даваме поддршка на лицата со попреченост. Нашата заложба е да се грижиме 365 дена во годината, а не само еден ден во годината, изјави градоначалникот Анастасов.

На крајот, по завршувањето на забавните активности на дечињата им беа доделени подароци од страна на градоначалникот, советниците, претставниците од другите институции, претставниците од бизнис заедницата и други гости кои присуствуваа на настанот.

3 dekemvri 2017 - 2

„Заедничка инвестиција во енергетската ефикасност„

Денес, 28.11.2017 (вторник), во просториите на Техничкиот секретаријат во Ќустендил (JTS), Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, заедно со Градоначалникот на општина Рила, Георги Кабзималски, имаше работен состанок со претставници на Секретаријатот во врска со проектот „Заедничка инвестиција во енергетската ефикасност„. На состанокот се разговараше за тековната состојба во која се наоѓа проектот и следните чекори за негова успешна и непречена реализација. Претставниците од општина Рила изразија задоволство за иницираниот состанок и догворија понатамошна соработка. Членовите на секретаријатот, со свои предлози дадоа насоки за понатамошните работи коишто треба да се преземат во наредниот период.

Присуството во Ќустендил, Градоначалникот на општина Пробиштип го искористи за средба со Генералниот секретар на Трговско – индустриската комора на Ќустендил, Јордан Беловодски и разговараше за тековниот проект од областа на екологијата за едукација и воспитување на деца, кој се реализира во соработка со општина Старо Нагоричане и Трговско – индустриската комора на град Ќустендил, со кои е предвидена дводневан обука на десет наставници од Пробиштип на деца од 6 до 14 години.

kyustendil 2 resize

Посета на општинските образовни институции

Денес, 27.11.2017 година, Градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, ги посети образовни институции во Општината. (ООУ „Никола Карев“, ООУ „Браќа Миладиновци“, СОУ „Наум Наумовски – Борче“ и ЈОУДГ „Гоце Делчев“). На средбите се разговараше за тековната состојба во училиштата и градинката, за наследените проблеми и за насоките за нивно брзо решавање.

Ваквите средби ќе бидат пракса и ќе се интензивираат во наредниот период, со цел надминување на сите отворени прашања во најбрз можен рок.

Poseta OOI 2 Poseta OOI 3 Poseta OOI 4 Poseta OOI 5 Poseta OOI 6 Poseta OOI 7 Poseta OOI 8 Poseta OOI 9

Одбележана неделата за грижа на стари лица

„Неделата за грижа на стари лица“ се одбележа во организација на ОО „Црвен крст“ – Пробиштип, Oпштина Пробиштип и Здружението на пензионери  во соработка со Дом на култура „Злетовски Рудар“, Здравен дом „Нада Михајлова“ и ЈОУДГ„Гоце Делчев“ – Пробиштип.

Имаше едукативни предавања од областа на здравството, беа посетени станарите во Пензионерскиот дом, се доделија пакети со прехранбени продукти на пензионерите од социјално ранливите категории, се одржаа спортски натпревари помеѓу пензионерите и волонтерите на „Црвениот крст“ – Пробиштип, а членовите на литературниот клуб „Процвет„ при Домот на културата, читаа литературни творби на тема „Моите баба и дедо“.

Медицинската екипа од Здравен дом „Нада Михајлова“ составена од доктор и медицинска сестра посетија стари изнемоштени лица во селата Плешенци, Долни и Горни Стубол при што извршија здравствен преглед, и тоа мерење на крвен пристисок и шеќер во крвта.

Општина Пробиштип и понатаму ќе продолжи со реализација на активности со слична содржина, со што покажува дека посветува големо внимание и грижа на лицата од третата животна доба.

griza za stari lica 2

griza za stari lica 3