Состанок со претставниците на граѓанскиот сектор од општина Пробиштип

На 23.03.2017 година се одржа состанок со граѓанските здруженија од општина Пробиштип, на кој присуствуваа претставници од следните граѓански здруженија:

  • Здружение на граѓани „Подобра Иднина„
  • Здружение на техничка култура на Пробиштип „Народна техника„
  • Здружение на хендикепирани лица „Милосрдно срце„
  • Црвен Крст Пробиштип
  • СПД Врв Плавица
  • Здружение на граѓани „Туристичка иднина„
  • Здружение на граѓани „Леговец Ленд„
  • Здружение на ракотворци „Хендмејд Арт„

На состанокот беа претставени активностите и работата на здруженијата, како и потребите и проблемите со кои се соочуваат. Се водеше дискусија за потребата од вмрежување на граѓанските здруженија, заеднички активности, интензивирање на соработката со општината, како и подршка во техничка опрема и простории за граѓанскиот сектор.

Објава бр.40

ОБЈАВА број  40

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:

  1. ДУП за УБ 11 УМ 1, 2 и 3 (1), ГП.бр.5, дел од КП.бр.1018/1, вон централно подрачје на град Пробиштип , намена на објектот: трговија, Одлука број 07-197/6 од 23.11.2004 (Сл.гласник бр. 5/2004) што се наоѓа во централното градско подрачје на град Пробиштип, на ул.„Вељко Влаховиќ” и ул.„Јоаким Крчовски” во Пробиштип
  2. ДУП за УБ 7.4 и 11.2, ГП.бр.46, дел од КП.бр.1018/1 вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот А2- семејно домување во станбени  згради, компатибилни намени Б1-мали комерцијални објекти 40% од основната намена, Одлука број 07222/6 од 25.02010 година (Службен гласник на Општина Пробиштип бр.14/2010), што се наоѓа на ул.11ти Октомври во Пробиштип
  3. ДУП за УЕ 30 А, ГП.бр.164, КП.бр.1470/164, вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: деловен објект, Одлука број 09-483/1 од 08.10.1999 година (Службен гласник на Општина Пробиштип бр.25/1999), што се наоѓа на ул.Димитар Влахов во Пробиштип
  4. ДУП за УЕ 30 А, ГП.бр.170, КП.бр.1470/170, вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: деловен објект, Одлука број 09-483/1 од 08.10.1999 година (Службен гласник на Општина Пробиштип бр.25/1999), што се наоѓа на ул.Димитар Влахов во Пробиштип
  5. ДУП за УБ 11 УМ 1, 2 и 3 (2), ГП.бр.21, дел од КП.бр.1018/1 и дел од 1030/1 вон централно подрачје на град Пробиштип, намена на објектот: Комерцијални објекти-трговија, Одлука број 07-197/6 од 23.11.2004 (Сл.гласник бр. 5/2004) што се наоѓа вон централното градско подрачје на град Пробиштип, на ул.„Јоаким Крчовски ” во Пробиштип.
  6. ДУП за УБ 7 Урбан опфат 7.5 , ГП 1.13  на дел од КП бр.1548 и КП бр.1800  вон централно  подрачје на град Пробиштип , намена  на објектот : Домување во семејни куќи , Одлука бр.26-133/11 од 23.12.2015 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.40/2015) што се наога вон централното градско подрачје  во близина на стара бензинска пумпа,
  1. ДУП за УБ 7 Урбан опфат 7.5 , ГП 1.5  на дел од КП бр.1017 , 1018/1,1800   вон централно  подрачје на град Пробиштип , намена  на објектот : Лесна и незагадувачка индустрија , Одлука бр.26-133/11 од 23.12.2015 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.40/2015) што се наога вон централното градско подрачје  во близина на стара бензинска пумпа,
  1. ДУП за УБ 7 Урбан опфат 7.5 , ГП 1.31  на дел од КП бр.1004/1, 1005/1   вон централно  подрачје на град Пробиштип , намена  на објектот : Лесна и незагадувачка индустрија , Одлука бр.26-133/11 од 23.12.2015 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.40/2015) што се наога вон централното градско подрачје  во близина на стара бензинска пумпа,

Objava 40

LOKACII ZA OBJAVA 40

А Г Е Н Д А на ДЕДО МРАЗ низ ОПШТИНА ПРОБИШТИП

 

ДЕКЕМВРИ 2016 год.

  • ЧЕТВРТОК 12.2016 година

 

  • 1000 –  1015  ………………… с. Добрево
  • 1030 –  1045  ………………… с. Древено
  • 1100 –  1200 …………………  Злетово (Низ Злетово и во спортската сала)
  • 1205 –  1215  ……………………с. Ратавица
  • 1230 –  12 40  ………………… с. Пишица
  • 1250 –  13 00  ………………… с. Бучиште
  • 1310 –  1320  ………………… с. Трипатанци
  • 1330 –  1345  ………………… с. Стрмош
  • 1400 – 1415 ……………………с. Долни Стубол
  • 1420 – 1430 ……………………с. Плешенци
  • 1440 -1450 ……………………. м.в. Три Чепа (Приградска нас. Пробиштип)
  • 1500 – 1515……………………. Плато пред стамбена зграда (Приградска нас. Пробиштип)

 

  • ПЕТОК 12.2016 година

 

1000 – 1500……………………ДЕДО МРАЗ НИЗ УЛИЦИТЕ НА ПРОБИШТИП

  • 10 00 –  11 00  ………………… нас. Калниште
    • 10 00 – Крстосница пред ,,МироБор,,
    • 10 15 – Плато пред ООУ ,,Никола Карев,,
    • 10 30 – Плато пред ,,ТирСтеф,,
    • 10 45 – Старо Калниште
    • 11 00 – Крстосница пред ,,Швајцарија,,
  • 1115 – 1140Спортска сала „Софија Петровска“
  • 1145 – 1500 – ПРОБИШТИП
    • 11 45 – Крстосница пред акумулаторска зграда Б4
    • 12 00 – Игралиште ул. Вељко Влаховиќ
    • 1215 – Пред стамбена зграда м.в. Лиса Гара
    • 12 30 – Крстосница пред влезот на Спомен Парк
  • 1245 – 1400  – Низ улиците во центарот на градот

 

                                                ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ДЕМАНТ на прилог на ТВ Стар – Штип

Во врска со објавениот прилог на Телевизија Стар на ден 05.12.2016 со наслов “Кочани и Пробиштип дишат отров. Останатите градови од регионот немаат со што да мерат“, општина Пробиштип сака да ги дементира податоците објавени во истиот прилог.

Податокот кој што е прикажан во прилогот е резултат објавен на ден 16.11.2016 година и истиот ден е забележано дека мерната станица во централното градско подрачје во Пробиштип е технички неисправна. Веднаш е контактирано со фирмата која е задолжена за монтажа на мерните станици при што е излезено на терен, извршен е преглед на мерната станица и е констатирано дека постои проблем со сензорот за проток на воздух (air flow) и сензорот за температура, со што се потврди дека последниот резултат објавен на 16.11.2016 година е невалиден.

Мерната станица веднаш е испратена на сервисирање во “Met One Instruments“ – Вашингтон кои како производители се единствени кои можат да вршат сервисирање и калибрација на истиот инструмент во специјализирани лаборатории.

Од страна на овластената компанија сме информирани дека деновиве ќе пристигне калибрираната мерна станица по што општината ќе продолжи со редовното објавување на податоците за квалитет на воздухот.

За точноста на резултатите општина Пробиштип поседува Сертификат за калибрација од самиот производител.

А за тоа каков воздух дишат граѓаните на општина Пробиштип сведочат резултатите објавени на општинската веб страна до 15 Ноември 2016 година.

06.12.2016 година
Општина Пробиштип

Известување за ждребување за места за лепење на изборни плакати во Општина Пробиштип

Се известуваат сите политички партии и коалиции чии листи на кандидати за пратеници од изборната единица 3 се прифатени за изборите што треба да се одржат на 11.12.2016 година, дека ждрепката за бесплатно истакнување изборни плакати на територијата на Општината Пробиштип Утврдени со Одлуката на Совет на општина Пробиштип,  ќе се одржи на 28.11.2016 година (понеделник) во 12:30 часот во салата  на Општината Пробиштип.

Заинтерсираните политички партии и коалиции треба да поднесат барање со полномошно издадено од организаторот на изборната кампања, најдоцна до 28.11.2016 година (понеделник) до 12:00 часот на архивата на Општината Пробиштип.

odluka-izborni-plakati