С О О П Ш Т Е Н И Е
За спроведување на јавен увид по

 

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕ СО НАМЕНА Е1.13-ПОВРШИНСКИ СОЛАРНИ И ФОТОВОЛТАИЧНИ ЕЛЕКТРАНИ НА КП 2213, 2214 И 2118 И ДЕЛ ОД КП 2211 КО ДОБРЕВО- ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на  урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2213, 2214 и 2118 и дел од КП 2211 КО Добрево – општина Пробиштип, со Тех.бр.327/21 од декември 2021 год., изработен од страна на планерската куќа Друштво за урбанизам, проектирање и инженеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ – Скопје.

 

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект вон опфат на  урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2213, 2214 и 2118, и дел од КП 2211 КО Добрево – општина Пробиштип се наоѓа североисточно од градот Пробиштип во м.в. Рудина, КО Добрево, општина Пробиштип. Пристапот до проектниот опфат е од постоен некатегоризиран пристапен пат од западната страна и до сега не бил опфатен со урбанистичка документација.

Границите на проектниот опфат се:

  • Север – дел од КП 2211, 2215, 2212 и 2216 КО Добрево;
  • Исток – КП 2219, 2222 и 2223 КО Добрево;
  • Југ – дел од КП 2211 КО Добрево;
  • Запад – дел од КП 2211 КО Добрево.

Површината на проектниот опфат на урбанистичкиот проект изнесува 2.5 ха.

Со овој урбанистички проект се планира градба од групата на класи на намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани. Во рамки на предметниот проектен нема изградени објекти и истиот не е опремен со комунална инфраструкутра. Со планирањето на нова градежна парцела ќе се овозможи задоволување на потребите за изградба на фотоволтаична централа со капацитет од 1 MW.

Во границите на планскиот опфат планирана е 1 градежна парцела со следните основни класи на намена:

-Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури

  • Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани

со можност за вградување на компатибилни класи на намена на основните согласно Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“, број 225/20 и 219/21год.).

Целта  на изработката на Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13 – површински соларни и фотоволтаични електрани на КП 2213, 2214 и 2118, и дел од КП 2211 КП Добрево – општина Пробиштип е да се оформи градежна парцела за изградба на фотоволтаична централа за производство на електрична енергија што претставува стратешки потег во обезбедување на енергетска независност како и зачувување на земјиштето од загадување.

Соопштение за ЈУ во УП со намена Е1.13 на КП 2213,2214,2118 и 2211, КО Добрево, Пробиштип – 22.12.2021

04-1_Урбанистички-проект-вон-опфат-за-изградба-на-Фотоволтаична-централа-КП-2213,-2214-и-2118,-КО-Добрево-Пробиштип-135