Јавен оглас бр. 1/2019

Општина Пробиштип има потреба од вработување на неопределено време  на еден овластен службеник од областа на безбедноста во Територијалната противпожарна единица Пробиштип за следното работно место:

  1. Пожарникар Спасител ниво В04 , шифра ПОЖ 02 10 В04 000 , еден извршител

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да е полнолетен;
  • да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена установа согласно Закон, а доколку се вработуваат во противпожарни единици со помалку од 30 вработени да имаат и положено возачки испит од Ц-категорија;
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност“

Посебни услови

  • стручни квалификации-ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – гимназиско или техничко;
  • работно искуство-со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж“;

Други посебни услови

  • положен возачки испит Б и Ц категорија;
  • сертификат за стекната квалификација пожарникар (Вработениот во ТППЕ има обврска в рок од една година од денот на вработувањето да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар , издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно ќе му престане вработувањето.)

Распоред на работно време: дневно работно време, работа во две смени од 07 до 19 часот и од 19 до 07 часот, 40 часа неделно работно време;

Паричен нето износ на плата: 17.691,00 денари.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2019 година предвидено е вработување за Македонец.

 

Javen oglas 01-2019

“Црна дудинка – Лесново” прогласена за природна реткост

Црната дудинка (Morus nigra L.) која се наоѓа во дворното место на манастирот “Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, општина Пробиштип со решение од Минестерството за животна средина е прогласена за природна реткост. Лесновската дудинка е стара над шсетстотини години, со неа се поврзуваат голем број на легенди поврзани со лековитоста на нејзините плодови. Дудинката е неразделен дел од Лесновскиот манастир и претставува едно од значајните обележја на манастирот, што ја става на исти ранг со прочуениот Охридски Чинар.

Ова е прв случај, Пробиштип да добие вакво признание во делот на природата, прогласување на природна реткост. Ваквите природни реткости се од искличително значење за заедницата, за развојот на туризмот и промоција.
Добивањето на ваков посебен статус, претставува само мотив плус за локалната самоуправа да продолжи и понатаму во заложбите околу заштитата на природното наследство, за што ќе следуваат чекори за конзервација односно преземање на мерки за заштита на оваа исклучителна природна реткост, како и чекори за промоција на црната дудинка.

dudinka 2

Соопштение за jавна презентација и јавна анкета по Предлог урабнистички план за Лесново

С О О П Ш Т Е Н И Е

За  организирање  на  јавна презентација и јавна анкета по Предлог – Урбанистички план за село Лесново, КО Лесново, Општина Пробиштип

 Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира  јавна презентација и јавна анкета по  Предлог – Урбанистички план за село Лесново, КО Лесново, Општина  Пробиштип,  со Тех. број 12/2017 од јули 2019, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Соопштение за ЈП и ЈА за УПС Лесново

Урбанистички план вон населено мес

Покана до јавноста – ЖГИ Антико

Женска граѓанска иницијатива АНТИКО од Скопје во соработка со Општина Пробиштип Ве поканува да присуствувате на јавниот настан Презентација на резултатите од истражувањето “Соработка на општините со граѓаните и граѓанските организации“. Настанот ќе се одржи на 14.10.2019 год. (понеделник) 12:00 часот во просториите на општинската зграда – Сала за состаноци на 3ти кат.

Теренско истражување беше насочено кон согледување на моменталната состојба во Вашата општина со цел да даде придонес кон унапредување на соработка на локалната самоуправа, граѓанските организации и граѓаните, како и зајакнување на родовата перспектива при креирањето на локалните политики.

Активноста е дел од проектот „Граѓанските организации – промотори на дијалог, акција и креирање на локални политики“ финансиски поддржан од програмата Цивика мобилитас, а го спроведува ЖГИ АНТИКО.

Ќе ни биде чест и задоволство да присуствувате на настанот и заеднички да дадеме придонес кон унапредување на меѓусебната соработката во Вашата општина.

Со почит,
ЖГИ АНТИКО

Општина Пробиштип го одбележа 5 Октомври – „Денот на учителот“

Со свеченост во салата на Совето на општина Пробиштип и годинава беа прогласени најдобрите учители. Јулијана Мицовска, од ЈОУДГ „Гоце Делчев“, Маја Митевска Поцева, од ООУ „Браќа Миладиновци“, Даниела Стојанова, од ООУ „Никола Карев“ и Југослав Јакимовски од СОУ „Н.Н. Борче“ се овогодишните добитница на ова престижно признание, кое веќе десета година по ред Општина Пробиштип им го дава на најдобрите учители во овие општински установи. На свеченоста за значајот на празникот говореше Раководителот на Одделението за јавни дејности, Раде Илиевски, а Градоначалникот Драган Анастасов на присутните учители честитајќи им го празникот, говореше што се е направено во изминатата година во воспитно образовните установи во општината, за подобрување на условите за престој и за настава и што се ќе биде направено во наредниот период.

Горди се од Општина Пробиштип со фактот што сме единствени во државата, што на ваков начин го одбележуваме овој значаен датум. На свеченоста од ООУ „Браќа Миладиновци“ имаше една прекрасна музичка точка, насловена „Нема ништо посилно од љубовта“. По повод денот беше распишан литературен конкурс на тема „Учителот“, а Градоначалникот на најдобрите три им даде пригодни награди. Среќен празник и за многу години драги учители…

den na ucitel 2019 2 den na ucitel 2019 3 den na ucitel 2019 4 den na ucitel 2019 5 den na ucitel 2019 6 den na ucitel 2019 7 den na ucitel 2019 8

Бесплатни ортопедски прегледи за доенчиња и мали деца

Општина Пробиштип ќе започне со реализација на активност – Бесплатни  ортопедски прегледи за доенчиња и мали деца предвидена во програмата за социјална детска и здравствена заштита. Ортопедските ехо-прегледи ќе се вршат во просториите на Здравствен дом „Нада Михајлова“ Пробиштип од 09-16 часот од страна на д-р Мирјана Рунчева  специјалист по ортопедија од ПЗУ „Ортомедик“ Штип.

Првите бесплатни ортопедски прегледи ќе се извршат на ден 05.10 2019 година (сабота) од 9 – 16 часот.

Пријавувањето за ехо-ортопедски преглед е секој работен ден од 08-16 часот  во Здравствен дом „Нада Михајлова” на тел.078-235-764 (Сузана Трајковска).

Реализирана активност од комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Согласно предвидената активност во програмата за работа на комисијата за еднакви можности за 2019 во областа на здравстевната заштита во с.Ратавица се одржа едукативно предавање од страна на доктор специјалист- гинеколог д-р Дарко Андоновски. Присутните се информираа за патолошките промени на грлото на матката, здравствените ризици и навремената превенција за здрав животен стил и квалитетен животен век.

Целта на оваа активност е подигање на свеста на жената за навремените гинеколошки прегледи кои се посебно важни во животот на секоја жена.

Соопштение до спортските друштва

Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2020 година.

Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги,  да достават Програма за 2020 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 07.30 – 15.30 часот, а најдоцна до 15.10.2019 година (вторник). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

LEAD MK стипендирана програма за млади

Повик за аплицирање за Проектот на УСАИД за граѓанско учество
LEAD MK е стипендирана програма и преставува современа програма за лидерство и застапување за младите на возраст 18-25, со цел да ги подобрат своите вештини и знаења, и преку нив да придонесат за позитивен развој на своето опкружување.

Апликациската форма и целосниот повик за апликации може да го најдете во прилог на овој меил, но и на нашата веб страна.

Повикот за апликации е отворен до 4 октомври, 12:00 на пладне.

Известување – логопед во Злетово

Се известуваат сите заинтересирани родители, чиишто деца имаат потреба од логопед, да закажат термин  за логопетски третмани на телефонскиот број 075 389-555.

Логопетските третмани ќе се извршуваат во месеците септември, октомври, ноември и декември, секој петок од 17:00-19:30 часот во просториите на ПУ Злетово од страна на  логопед Татјана Љапова.

Општина Пробиштип ја реализира оваа активност согласно програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2019 година.