Објавен е Јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишуваши и реонски инструктори
Објавен е Јавниот Конкурс за ангажирање на реонски попишуваши и реонски инструктори
Почитувани сограѓани,
Општина Пробиштип ги известува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправно изграден објект, а кои досега немаат добиено Решение за легализација, поради запазување на законскиот рок за решавање, којшто истекува во март 2021 година, да се јават на тел. бр. 032/ 483-131, локал 123 или лично да дојдат во Одделението за урбанизам на општина Пробиштип, секој работен ден во периодот од 07:30 – 15:30 часот, со цел регулирање на статусот на нивниот предмет.
Во спротивно барањата со нерегулиран статус ќе бидат одбиени.
Со почит,
Општина Пробиштип
Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за инвертер клима уреди купени во 2020 година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена
Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапишува втор јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување на инвертер клима уреди.
Заинтересираните жители на општина Пробиштип треба да ги достават барањата и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2020 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:00 до 19:00 часот.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП објавува:
Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2020“
ТЕМА:
„ЗА И ОД ПРОБИШТИП“
ОСНОВНИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО:
ТЕХНИЧКО-УМЕТНИЧКИ КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО
СЕКОЈА ФОТОГРАФИЈА КОЈА НЕМА ДА БИДЕ СОГЛАСНО ПОГОРЕ НАВЕДЕНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ ЌЕ БИДЕ ДИСКВАЛИФИКУВАНА И НЕМА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДУВАНА ОД ЖИРИ КОМИСИЈАТА
ДОСТАВУВАЊЕ НА ФОТОГРАФИИТЕ ЗА УЧЕСТВО:
ФОТОГРАФИИТЕ ДА СЕ ИСПРАТАТ НА АДРЕСА:
Општина Пробиштип,
ул. Јаким Стојковски бр.1
или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни дејности во Општина Пробиштип, со назнака:
За награден фото Конкурс „ПРОБИШТИП ФОТО 2020“,
најдоцна до 23.11.2020 година (понеделник) до 15.30 часот.
АВТОРСКИ ПРАВА:
Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува дека:
На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во општинската администрација како и нивните потесни семејства
За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил info@probistip.gov.mk
НАГРАДИ:
Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди награди и тоа:
Фотографии на зададена тема:
I место – 4.000 денари
II место – 2.000 денари
III место – 1.000 денари
Фотографии на слободна тема:
I место – 2.000 денари
II место – 1.500 денари
III место – 1.000 денари
Наградите ќе бидат доделени на 7 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2020 година – „Свети Климент Охридски“ на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.
Општина Пробиштип
Одделение за јавни дејности
Ги известуваме граѓаните на општина Пробиштип дека почнувајќи од 03.11.2020 година, општинската администрација при локалната самоуправа ќе работи во две смени, во период од 07:00 до 19:00 часот.
Воведувањето на сменско работење е согласно препораките од Владата за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, а се со цел за намалување на физичките контакти и притоа непречено исполнување на работните обврски на одделенијата и услужување на граѓаните.
Апел до сите граѓани, за одредени потреби и услуги кои можат да ги исполнат телефонски или преку електронска пошта, да го користат тој начин.
Јавен оглас бр. 1/2020
За вработување на неопределено време на овластени службеници од областа на безбедноста во Територијалната противпожарна единица Пробиштип
1. Пожарникар Спасител ниво В04 , шифра ПОЖ 02 10 В04 000 , двајца извршители
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– да е полнолетен;
– да бидат здравствено и психофизички способни, утврдено од овластена здравствена установа согласно Закон,
– да има положено возачки испит од Ц-категорија;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност“
Посебни услови
– стручни квалификации-ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – гимназиско или техничко;
– работно искуство-со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенција за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж“;
Други посебни услови
– положен возачки испит Б и Ц категорија;
– сертификат за стекната квалификација пожарникар (Вработениот во ТППЕ има обврска во рок од една година од денот на вработувањето да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерството за образование и наука, во спротивно ќе му престане вработувањето.)
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна презентација и јавна анкета по
Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2,
КО Пробиштип, Општина Пробиштип
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Конечен Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех.Број 06/2018 од април 2020, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.
Границата на конкретниот плански опфат е дефинирана со оските на следните сообраќајници:
ул. „Миро Барага“, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, сѐ до почетната точка.
Локалитетот се наоѓа на северозападниот дел на Град Пробиштип. Подрачјето на предметниот локалитет е опфатен со Генералниот урбанистички план на Град Пробиштип од 1997 година и новата поделба на блокови на ГУП на Град Пробиштип од 2008 година.
Согласно новата поделба на блокови на Генералниот урбанистички план, предметниот Детален урбанистички план го опфаќа блокот 19.2.
Во рамките на планскиот опфат планирани се 70 градежни парцели .
Вкупната површина на планскиот опфат во рамките на опишаните граници изнесува П=7,03 ха.
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
со стручно презентирање на
Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех. број 06/2018 од април 2020, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 17.09.2020 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата – Пробиштип.
ЈАВНА АНКЕТА по
Предлог – Детален урбанистички план за Урбан Блок 19, Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех. број 06/2018 од април 2020, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе трае 10 (десет) работни дена и во електронска и во писмена форма, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за Урбанизам при општина Пробиштип, во периодот од 14.09.2020 год. до 25.09.2020 год., во кој период заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови, кои можат да ги подигнат од Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, и од web страната на Општина Пробиштип, или во електронска форма преку информацискиот систем e-urbanizam. Во прилог на анкетните листови да се достави копие од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.
Графичкиот прилог од Предлог – Деталниот урбанистички план за Урбан Блок 19 Урбан опфат 19.2, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, ке биде изложен на огласна табла пред влезот на Општинскиот центар за услуги (шалтерот) во зградата на кино салата, во информацискиот систем e-urbanizam и на web страната на Општина Пробиштип www.probistip.gov.mk, а подетални информации во врска со горенаведениот план може да се добијат во Одделението за урбанизам на Општина Пробиштип, кое се наоѓа во просториите на зградата на кино салата на вториот кат.
Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП 19.2
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08 2020 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект„Грижа, социјализација и едукација на жителите од општина Пробиштип“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од
• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од
• 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
• 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
• 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)
статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
-лица корисници на гарантирана минимална помош
-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
-лица со попреченост
-лица припадници на ромската етничка заедница
-самохрани родители
-родители на деца со пречки во развојот
-родители на 3 и повеќе деца
-лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-Образовни асистенти(двајца) Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица со завршено високо образование(Педагошки факултет-одделенска настава, наставни профили, Психологија, Дефектологија, Педагогија) за работа со ученици со посебни образовни потреби вклучени во инклузивно образование
-Еден неговател во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост – лица со завршено средно образование
-Двајца негователи (помошници) на стари и изнемоштени лица – со завршено основно или средно образование
Заинтересираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување-Центар за вработување Пробиштип во периодот од 20.08 2020 година до 26.08 2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип кај лицето Вероника Нанева, Центар за социјална работа Пробиштип кај лицето Снежана Петрушев.
ГРАДОНАЧАЛНИК
ДРАГАН АНАСТАСОВ с.р.
На ден 16.08.2020 година (недела) во Пробиштип ќе се одржат официјални ридски трки кои се дел од шампионатот на Македонија во автомобилизам.
Првата трка започнува во 12 часот, а втората во 14 часот. Официјално за трките се пријавени над 30 учесници.
Ден претходно на 15.08.2020 (сабота) ќе се одржат двата тренинга во 12 и 14 часот.
Свеченото отварање е најавено да почне во недела во 11 часот, на кое свое присуство потврди и најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилизам Игор Стефановски – ИЏЕ.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините во идното заштитено подрачје започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел.
Со цел, засегнатата јавност да биде добро информирана и запознаена што претставува „заштитено подрачје“, кои се придобивките, вклучувајќи ги и економските аспекти и зошто Осогово заслужува и треба да се заштити, ја започнуваме оваа кампања која ќе се спроведува во следните четири недели. Кампањата ќе опфати промоција на кратки видеа и фото-тестемонијали од Осоговскиот регион, постови на социјалните мрежи со важни информации за идното заштитено подрачје, за природните вредности, биодиверзитетот и специфичните интеракции на природата и човекот, за туризамот, планинарството, специфичната култура и традиција, како и за придобивките од заштитата на подрачјето.
МЖСПП, МЕД и ЈП „Национални Шуми“ ги повикуваат општините во регионот, невладините организации, медиумите, локалните бизнисии и сите вљубеници во природата да ја поддржат оваа кампањата преку споделување на содржините на своите веб страници и на социјалните медиуми и со тоа да придонесат за помасовно споделување на информациите за идното заштитено подрачје и успешното завршување на процесот.
Во следниот период МЖСПП во соработка со општините ќе организира и четири јавни расправи во Осоговскиот регион за запознавање на засегнатите страни со Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планина и за заштитено подрачје во категорија – заштитен предел. Истата е изработена врз основа на Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини заштитен предел и Анексот на Студија .
Јавните расправи се дел од активностите за вклучување на јавноста во процесот на изработка на конечниот Акт кој ќе биде доставен до Владата на Република Северна Македонија на усвојување. Термините за одржување на јавните расправи се достапни на веб страницата на МЖСПП. Идното заштитено подрачје Осоговски Планини опфаќа делови од општините: Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Чешиново Облешево, Кочани, и Македонска Каменица.
Оваа кампања е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.
Слоган на Кампањата: Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!
Хаштаг на кампањата е: #ДаГоЗачувамеОсогово #ОсоговоИЛичноИРазлично #брегалничкислив #CHinMK