Согласно доставената анализа од обработените анкети од страна на училиштата констатирана е реалната потреба од логопедски третмани во општината. Општина Пробиштип ќе ангажира двајца логопеди за работа со деца со говорно –јазични нарушувања за период од седум месеци (март – април – мај – септември – октомври -ноември и декември 2022 година).

Првичната средба на ангажираните лица Татјана Љапова и Клементина Ристова со родителите и децата  е закажана во ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип и ПУ „Кирил и Методиј“ во следните термин:

  1. Приемот на родители и ученици кои се запишани во ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип е закажан за сабота 05 март 2022 година во ООУ „Браќа Миладиновци“ Пробиштип

– Од 08:30 – 10:00 часот за  ученици од одделенска настава

– Од 10:30 – 12:00 часот за ученици од предметна настава

  1. Приемот на родители и ученици кои се запишани во ООУ„Никола Карев“ Пробиштип е закажан за сабота 05 март 2022 година во ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип

– Од 13:00 – 14:30 часот за  ученици од одделенска настава

– Од 15:00 – 16:00 часот за ученици од предметна настава

  1. Приемот на родители и ученици кои се запишани во ПУ„Кирил и Методиј“ Злетово е закажан за петок 04 март 2022 година од 17:00 -19:00 часот во ПУ „Кирил и Методиј“ Злетово.