Соопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 3

Врз основа на член 50 став (3),(4) и (5) од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2021 година со Одлука Број 26-928/16 од 30.11.2020 год., објавена во „Сл.Гласник” на Општина Пробиштип Бр.42/2020 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип  го дава  следното

С О О П Ш Т Е Н И Е 

За спроведување на јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 3, КО ПробиштипОпштина Пробиштип

 Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 3 КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех.Број 03/2021 од јули 2021, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП за Урбан Блок 3 КО Пробиштип – 03.08.2021 за објава potp.p.g.

Одлука за ЈП и ЈА за ДУП за Урбан Блок 3- 03.08.2021 -за објава-potp.p.g.

известување за ЈП и ЈА за ДУП Блок 3potp.p.g.

Анкетен лист за ДУП за Блок 3

NACRT-PLAN-DUP-3_[signed]-1-174

Соопштение за спроведување на јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 6.1

Врз основа на член 50 став (3),(4) и (5) од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на РСМ” бр.32/20, год.) и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Прбиштип за 2021 година со Одлука Број 26-928/16 од 30.11.2020 год., објавена во „Сл.Гласник” на Општина Пробиштип Бр.42/2020 год., донесена од страна на Советот на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип  го дава  следното

С О О П Ш Т Е Н И Е 

За спроведување на јавна презентација и јавна анкета  по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 6.1, КО ПробиштипОпштина Пробиштип

 Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавна презентација и јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 6.1КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех.Број 02/2021 од јули 2021, изработен од  Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје.

 Соопштение за ЈП и ЈА за ДУП за Блок 6.1 КО Пробиштип – 03.08.2021 за објава potp.p.g.

известување за ЈП и ЈА за ДУП Блок 6.1 potp.p.g.

Одлука за ЈП и ЈА за ДУП 6.1 -03.08.2021-корегиран деловоден број potp.p.g.

Анкетен лист за ДУП за Блок 6.1

NACRT-PLAN-DUP-6.1_[signed]-151

Ана Златановиќ, Јелена Мандариќ и Хазим Мајчиновиќ до солзи ја насмеаа пробиштипската публика

Во рамки на Пробиштипско културно лето во петокот на 13 август беше вечерта на Stend up комедија. Двете гостинки од Србија, познати како жените што зборуваат и гостинот од Босна и Херцеговина направија една убава пријатна вечер на летната сцена во Пробиштип. Преполниот амфитеатар доволно зборува за интересот на пробиштипјани за ваков вид на настан. Очигледно сме желни за забава, желни за смеа, а тоа го имаше во изобилие. Се на се една убава, пријатна весела вечер како понуда од Општина Пробиштип, а се со цел забава, дружење и пријатни летни денови, секако со почитување на протоколите за организирање настап на отворено.

IMG_2925 IMG_2926 IMG_2927 IMG_2928

Соопштение – Прскање против комарци 06.08.2021

На ден 09.08.2021 и 10.08.2021 година (вечерта – понеделникот кон  вторникот) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

ЈАВЕН ПОВИК

 

за субвенционирање на граѓаните на Општина Пробиштип за набавка на инвертер клима уред за 2021 година

Општина Пробиштип, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за клима уреди – инвертер купени во тековната година па до денот на завршување на јавниот повик, односно се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена

Општина Пробиштип, за реализација на мерките против загадувањето на воздухот, рапишува јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување инвертер клими.

Барателите треба да ги достават барањата и документацијата во прилог во затворен плик до „Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уред за 2021 година“ во архивата на Општина Пробиштип, на адреса ул.Јаким Стојковски бр.1 Пробиштип, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

јавен повик инвертер клими

барање инвертер клими

изјава инвертер клими

Со низа на настани, Општина Пробиштип го  одбележа најголемиот македонски празник , Илинден 2021

 

                Одбележувањето на празникот започна со полагање на свежо цвеќе на спомен плочата на паднатите борци во Злетово, каде свое обраќање имаа Ѓорѓи Панов, претседател на  членови – продолжувачи на Сојузот на борците од Злетово и околината и градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов. Одбележувањето продолжи со финалето на турнирот во мал фудбал „Васил Миленов“, на кој годинава победи екипата на „Сити кафе“ од Пробиштип, поразувајќи ја второпласираната екипа, Етно гостилница Воденица 3, селект кафе од Крива Паланка. Одбележувањето на празникот заврши со концертот на фолк пејачката Елена Јовчевска, која остави голем и убав впечаток кај големиот број на посетители. Секако за време на одбележувањето внимававме да ги запазиме сите мерки на претпазливост наметнати заради корона ситуацијата.

Ilinden 2021-1Ilinden 2021-2Ilinden 2021-3Ilinden 2021-4Ilinden 2021-5Ilinden 2021-6Ilinden 2021-7Ilinden 2021-8Ilinden 2021-9Ilinden 2021-10Ilinden 2021-11Ilinden 2021-12Ilinden 2021-13

Познатиот актер Марјан Ѓорѓиевски ги насмеа до солзи пробиштипјани

Познатиот актер Марјан Ѓорѓиевски ги насмеа до солзи пробиштипјани

Во рамки на пробиштипското културно 2021 лето, сношти (29.07.2021) на летната сцена во Пробиштип се случи Stend up комедија со еден од најдобрите Stend up комичари Марјан Ѓорѓиевски. Пред полниот амфитеатар еден час овој комичар ги смееше до солзи присутните, кои желни за смеа дојдоа да ја исфрлат целата негативна енергија која година и половина во времето на короната  ја собирале. Сите си посакаа повеќе вакви насмеани денови. Искрено се надеваме на тоа, од таа причина не случајно во рамки на културното лето предвидовме и неколку Stend up настани, со желба да гледаме насмеани лица. Со ветување дека во најскоро време повторно ќе се видиме го испративме овој извонреден уметник кој остави одличен впечаток кај пробиштипската публика.

mg11 mg14 mg13 mg12

СТЕНД АП ШОУ со Марјан Георгиевски

Сите граѓани на градот Пробиштип и околината по сите можни протоколи (маски, растојание и дезинфекција) се поканети да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против глупоста, политиката, тик токот, учебниците, кинезите и лилјаци, Бил Гејц, 5џи, од машки глупости, од женски глупости, од инфлуенсерки, од мрзата, од завидлук, од оговарање од Вести на Тв, од макфест во Штип 🙂 и од се останато што ве мачи. Ваксајн ис каминг.
MG1