Ве известуваме дека на ден 03.10.2023 година (вторник) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши Дератизација (еден третман – аплицирање на хемиски мамец).

Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ангажирана од Општина Пробиштип ќе изврши  Дератизација во шахти во централното градско подрачје и приградските населби во Калниште, Пробиштип и Злетово, со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравствен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).