Пробиштип вечерта на 30.03.2019 година (сабота) ќе им се придружи на над 7000 градови во светот кои во рамки на акцијата „Час на планетата Земја“ во 20:30 часот по локално време ќе го исклучат јавното осветлување на
одредени јавни површини во центарот на градот, во времетраење од еден час.
Ќе бидат исклучени светилките на главната улица „Јаким Стојковски“, ул „Јордан Стојанов“, градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ и Секундарниот плоштад.
Акцијата ќе ја поддржат милиони луѓе ширум светот кои вечерва симболично еден час ќе ги исклучат светилките во своите домови за спас на планетата Земја.
Акцијата е директно поврзана со енергетската ефикасност и намалувањето на глобалното загадување, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електричната енергија и користење на обновливи извори на енергија.