Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 1363/1, КО Петршино и дел од КП 115/3, КО Бучиште – општина Пробиштип, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инжинеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ Скопје, со Тех.бр.359/22 од октомври 2022 год.

Според опишаните граници на горенаведениот Урбанистички проект, апроксимативната површина на планскиот опфат изнесува  П=6.61 ха.

Границите на планскиот опфат се:

·       Североисток –дел од КП 1363/1 ,КО Петршино

·       Исток – дел од 1363/1, КО Петршино, и дел од КП 115/3, КО Бучиште

·       Југоисток – КП 968, 1/1 КО Бучиште

·       Запад – КП 1364/5, 1364/4, 1364/3 КП Бучиште

Пристап до проектниот опфат е од планиран пристапен пат по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури на дел од КП 1533, 1364/3, 1363/1,КО Петршино и на дел од КП 115/3, 102/8, 102/10, 102/9, 102/3, 968, КО Бучиште – општина Пробиштип. Со планирање на нова градежна парцела ќе се овозможи задоволување на потребите за изградба на фотоволтаична централа со моќност до 10MW.

Соопштение за ЈУ за УП на дел од КП 1363-1, КО Петршино и дел од КП 115-3,КО Бучиште,Општина Пробиштип