Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани(фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 115/2, 115/6, 115/7, 115/8 и дел од 115/3, КО Бучиште-општина Пробиштип, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инжинеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ Скопје, со Тех.бр.357/22 од септември 2022 год.

Проектниот опфат се наоѓа југозападно од градот Пробиштип во КО Бучиште, општина Пробиштип. Пристап до проектниот опфат е од постојан некатегоризиран пат од источна страна. Просечна надморска висина е од 501m до 511m.

Површина на проектниот опфат е 92 567m2 (9.27ха).

Границите на проектниот опфат се:

·       Север – КП 1363/1 КО Петршино

·       Исток – КП 115/4, 115/5, 115/9, 116/9 КО Бучиште

·       Југ – КП 115/1 и 102/1 КО Бучиште

·       Запад – КП 102/8 и дел од КП 115/3 КО Бучиште.

Соопштение за ЈУ за УП на КП 115-2, 115-6, 115-7,115-8 и дел од КП 115-3,КО Бучиште,Општина Пробиштип