Почитувани граѓани,

Стручно Оперативната група  при  ЕЛС Пробиштип за следење на корона вирусот го оддржа петтиот состанок на ден 17.03.2020 година и од истиот ги доставуви следниве заклучоци:

1. Со оглед на тоа дека се соочуваме со  корона вирус (COVID-19), кој нема правила и понатаму претставува сериозна опасност за луѓето, се одлучи времено да се затвори Градскиот пазар на подрачјето на опшина Пробиштип. Се задолжува ЈКП ,,Никола Карев,, за реализација на мерката.

2. Се зголемува потребата за максимално ниво на заедничката комунална хигиена, и се задолжуват ЈКП Никола Карев во соработка со ТППЕ да извршат целосна дезинфекција на улиците, контејнерите, кантите за отпадоци и останатите јавни површини територијата на општина Пробиштип. Активноста во зависност од временските услови ќе се спроведува најмалку еден ден неделно, по потреба и повеќе со посебен  оперативен план за реализација на мерката.

3. Максимално подигнато ниво на колективна хигиена и ред и дисциплина во маркетите, маалските продавници, аптеките, банки и други установи ,како и во јавниот и такси превоз. Имено по завршување на секој работен ден да се изврши дезинфекција на  средствата што се користат од граѓаните (корпи за пазарење, колички и сл.). Строго почитување на правилата за влегување чекање, и излегување во јавните установи при што посебен акцент да се даде на пропишаното држење на меѓусебно прописно  растојание на луѓето.

4. За лицата со попреченост преку црвениот крст и советот на младите при општината Пробиштип, стојат на располагање волонтерски тимови кои можат да ја дадат потребната помош.

5. Полициската станица да обрне посебно внимание и контрола за почитување на мерката за самоизолација на граѓаните дојдени од ризичните подрачја и  контролата на јавни и приватни собири  посебно на локации каде најчесто се собираат помладите.

6. Посебно апелираме на личното однесување на секој граѓанин за непотребното излегување на улица односно повикуваме да се остане дома , смирено  со примена на сите мерки за лична и заедничка хигиена во домашни услови и при неопходното излегување, строго да се почитуваат пропишаните правила за излегување.

7. Со претходното кажано се укажува  дека нема место за паника, но има место за загриженост. Единствен начин да се стави крај на вирусот е да се има разбирање и совесност за  сериозно, одговорно и дисциплинирано, однесување и реализирање на досегашните дадени препораки од Влада на Република Северна Македонија, Министерство за здраство и Стручната оперативна група на општина Пробиштип.