На ден 22.06 2022 година во раните утрински часови во периодот од 05:00 часот до 08.00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово , а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци долж течението на Маричанска река , двете јаловишни депонии и Кундиско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.

Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.