СООПШТЕНИЕ

Прскање против комарци 20-21 јуни 2022 година

 

На ден 20.06 и 21. 06 2022 година (вечерта-понеделник кон вторник) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23-08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово , а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци долж течението на Маричанска река , двете јаловишни депонии и Кундиско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.

Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.