Во деновите 06. и 07.09.2022 година во периодот од 22 до раните утрински часови наредниот ден (вторник и среда) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши последно адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. На 06.09.2022 година на територијата на општина Пробиштип ќе биде направена дератизација, односно аплицирање на хемиски мамец во 750 канализациски шахти. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.