Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.08.2023 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Образовни асистенти на ученици со попреченост во СОУ Н.Н.Борче Пробиштип” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.


Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
– млади лица до 29 години
– лица постари од 50 години
– лица корисници на гарантирана минимална помош
– лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
– самохрани родители
– родители на 3 и повеќе деца

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:
Работно место : Тројца образовни асистенти во СОУ „Н.Н.Борче“ Пробиштип со следниве работни задачи:
– Четиричасовно дневно ангажирање во СОУ „Н.Н.Борче“ Пробиштип
– пружење помош и поддршка на учениците попреченост за време на часовите инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата;
– пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;
– помош и подршка на родителите преку соработка со истите;
-соработка со заедницата;
-соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;
Позиции за работно место: Тројца образовни асистенти
Потребни квалификации и занимања за Работното место: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност. Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Пробиштип и да припаѓа на една од целните групи.

Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица со завршено високо образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог , со завршено VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС).

Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип во периодот од 07.08 .2023 година до 11.08 2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Пробиштип и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Пробиштип кај лицето Анкица Кијајова , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип кај лицето Влатко Јордановски, Центар за социјaлна работа Пробиштип кај лицето Надица Крстевски.

ГРАДОНАЧАЛНИК
_______________________

ДРАГАН АНАСТАСОВ

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање може да се добијат на селедниот линк Javen povik okr 2023