Се известуваат граѓаните на општина Пробиштип дека најавеното авионско третирање против комарци за ден 27.07.2023 година (четврток) е одложено поради ветровитото време и истото ќе се изврши на 30.07.2023 (недела) во раните утрински часови. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.