ОПШТИНА ПРОБИШТИП
објавува:
Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2023“
ТЕМА:
„ ПРОБИШТИП ВО СРЦЕТО“ (more…)
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
објавува:
Награден Фото КОНКУРС
“ПРОБИШТИП ФОТО 2023“
ТЕМА:
„ ПРОБИШТИП ВО СРЦЕТО“ (more…)
ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА (повторна)
со стручно презентирање на
Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип, со Тех. број 23/2021 од септември 2023, изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-ПУМА“ Скопје, ќе се одржи на ден 09.11.2023 год. (четврток) со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Пробиштип, во Домот на културата – Пробиштип. (more…)
Ве известуваме дека на ден 03.10.2023 година (вторник) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши Дератизација (еден третман – аплицирање на хемиски мамец).
Службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ангажирана од Општина Пробиштип ќе изврши Дератизација во шахти во централното градско подрачје и приградските населби во Калниште, Пробиштип и Злетово, со опфат на поголемите капацитети (училишта, здравствен дом, ЈКП и поголемите индустриски капацитети).
Соопштение за ЈУ за УП на дел од КП 777-2,КО Неокази,Општина Пробиштип
Во деновите 17.08.2023 и 18.08.2023 година во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места. Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пробиштип , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.08.2023 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско – корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Образовни асистенти на ученици со попреченост во СОУ Н.Н.Борче Пробиштип” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Пробиштип. Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Се известуваат граѓаните на општина Пробиштип дека најавеното авионско третирање против комарци за ден 27.07.2023 година (четврток) е одложено поради ветровитото време и истото ќе се изврши на 30.07.2023 (недела) во раните утрински часови. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.
На ден 27.07.2023 година (четврток) во раните утрински часови во периодот од 05:00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци, долж течението на Маричанска река и двете јаловишни депонии. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.
Истиот ден (27.07.2023 година, четврток) во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши четврто адултицидно третирање (прскање од земја) против комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.
Врз основа на Програмата за Локален економски развој за 2023 година бр. 26-1072/27 од 24.11.2022 година, Подпрограма за подршка на здруженија на граѓани, Општина Пробиштип и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиските средства од Програмата за локален економски развој и заштита на животната средина на Општина Пробиштип, Градоначалникот на Општина Пробиштип распишува:
Јавен Повик
за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за 2023 година за здруженија на граѓани врз основа на предлог проекти
Финансиските средства предвидени во Програмата за Локален економски развој за 2023 година во Подпрограмата за подршка на здруженија на граѓани за реализација на проекти од страна на здруженијата и фондациите од буџетот на општина Пробиштип…
Во деновите 13.07.2023 и 14.07.2023 година во периодот од 22 часот до раните утрински часови наредниот ден (четврток и петок) на територијата на општина Пробиштип ќе се изврши трето адултицидно третирање (прскање од земја) против возрасни комарци за оваа година. Акцент при прскањето ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии, патот кон с. Стрмош и сите поголеми населени места.
Се известуваат граѓаните да го имаат во предвид третирањето во овој временски период и да превземат заштитни превентивни мерки.