Јавен оглас за работно ангажирање на работници по програма за извршување на јавни работи

Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на 7 работници за време од единаесет месеци со скратено работно, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуваат на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни објекти согласно Акцискиот план за вршење на јавните работи.

Javen oglas javni rabotnici

Известување даноци

Поради измени во законот за даноци на имот Сл. Весник на РС Македонија бр.151 од 2021 година, ги известуваме граѓаните на Општина Пробиштип дека до крајот на месец Јануари 2022 година треба да пријават незадолжени објекти со данок на имот во Канцеларијата за даноци бр.39 во Општинската зграда и тоа:

  1. Станбени објекти, станбени објекти кои не се користат од сопственикот и не се издаваат под закуп подолго од шест месеци.
  2. Деловни објекти, деловни објекти кои не се користат и не се издаваат под заку подолго од шест месеци.
  3. Земјоделско земјиште, земјоделско земјиште кое не се обработува и не се издава под закуп подолго од шест месеци.

Физичките и правни лица кои нема да се пријават ќе бидат задолжени со стапка на данок на имот пет пати повисока од пропишаната.

Izvestuvanje danoci

Водици 2022

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2022 година (среда) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 15 – 18.01.2022 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Манифестацијата ќе се реализира согласно протоколите кои што ги налага комисијата за заразни болести, а исто така зависно од состојбата со ковид пандемијата ќе се владееме при реализацијата на истата.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Бадникови гранчиња се береа по шеснаесетти пат

По едногодишната пауза поради ковид пандемијата, Општина Пробиштип продолжи со организирање на традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ на месноста Жгури каде пробиштипјани со посна трпеза, музика, песна, игра и бадникарски оган направија вовед во празниците што следат. Кумови на настанот се Рудниците за олово и цинк „Булмак 2016“ , кои се потрудија и годинава посната трпеза да биде богата. (more…)

Бадниково гранче 2022

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.

По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 05 јануари (среда), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделенеи за јавни дејности