Соопштение за јавна презентација и јавна анкета „Плавица„

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА за изградба на рударски комплекс „Плавица“, КО Приковци, КО Шлегово, КО Гризменци, КО Марчино и КО Добрево, општина Кратово и општина Пробиштип

Соопштение за организирање на ЈП и ЈА – Пробиштип

Planska Programa_Noemvri 2019

Анкетен лист Пробиштип

ЈП по извештај за стратегиска оценка на животната средина за ДУПД Плавица – Пробиштип

Известување до институции – Покана Пробиштип

 

 

Водици 2023

По повод верскиот православен христијански празник „Водици“ на 19.01.2023 година (четврток) во Злетово со почеток во 7:30 часот на местото викано „Пешка“ и во Пробиштип со почеток во 11:00 часот на Аква паркот, ќе се одржи Манифестацијата „Чествување на Водици“ на која ќе се осветат водите во Злетовска река и во градскиот базен каде ќе се капат голем број на наши сограѓани во потрага по светиот крст. Во Злетово литургијата во црквата „Пресвета Богородица“ ќе започне во 6 часот, а во Пробиштип во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ ќе започне во 8 часот. По завршување на литургијата од двете цркви со литија капачите и граѓаните ќе дојдат до местото на настанот каде ќе се изврши осветување на водите и фрлање на светиот крст.

Сите младоженци кои минатата година стапиле во брак и граѓани кои сакаат да се фрлаат во водите по светиот крст задолжително да се пријават во црквите во Пробиштип и Злетово. Пријавувањето е секој работен ден (од 16 – 18.01.2023 год.) во период од 09 – 16 часот . Лицата кои нема да се пријават нема да им биде дозволено да се фрлат во водите по светиот крст.

Бадниково гранче 2023

По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури во 11 часот, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.
По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 05 јануари (четврток), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

Соопштение за јавен увид за КП 115/2, 115/6, 115/7, 115/8 и дел од 115/3, КО Бучиште

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани(фотонапонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 115/2, 115/6, 115/7, 115/8 и дел од 115/3, КО Бучиште-општина Пробиштип, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инжинеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ Скопје, со Тех.бр.357/22 од септември 2022 год.

Проектниот опфат се наоѓа југозападно од градот Пробиштип во КО Бучиште, општина Пробиштип. Пристап до проектниот опфат е од постојан некатегоризиран пат од источна страна. Просечна надморска висина е од 501m до 511m.

Површина на проектниот опфат е 92 567m2 (9.27ха).

Границите на проектниот опфат се:

·       Север – КП 1363/1 КО Петршино

·       Исток – КП 115/4, 115/5, 115/9, 116/9 КО Бучиште

·       Југ – КП 115/1 и 102/1 КО Бучиште

·       Запад – КП 102/8 и дел од КП 115/3 КО Бучиште.

Соопштение за ЈУ за УП на КП 115-2, 115-6, 115-7,115-8 и дел од КП 115-3,КО Бучиште,Општина Пробиштип

Соопштение за јавен увид за КП 1363/1, КО Петршино и дел од КП 115/3, КО Бучиште

Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на дел од КП 1363/1, КО Петршино и дел од КП 115/3, КО Бучиште – општина Пробиштип, изработен од Друштво за урбанизам, проектирање и инжинеринг „ТЕКТОН” ДООЕЛ Скопје, со Тех.бр.359/22 од октомври 2022 год.

Според опишаните граници на горенаведениот Урбанистички проект, апроксимативната површина на планскиот опфат изнесува  П=6.61 ха.

Границите на планскиот опфат се:

·       Североисток –дел од КП 1363/1 ,КО Петршино

·       Исток – дел од 1363/1, КО Петршино, и дел од КП 115/3, КО Бучиште

·       Југоисток – КП 968, 1/1 КО Бучиште

·       Запад – КП 1364/5, 1364/4, 1364/3 КП Бучиште

Пристап до проектниот опфат е од планиран пристапен пат по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за уредување на земјиште со намена Е1-сообраќајни, линиски и други инфраструктури на дел од КП 1533, 1364/3, 1363/1,КО Петршино и на дел од КП 115/3, 102/8, 102/10, 102/9, 102/3, 968, КО Бучиште – општина Пробиштип. Со планирање на нова градежна парцела ќе се овозможи задоволување на потребите за изградба на фотоволтаична централа со моќност до 10MW.

Соопштение за ЈУ за УП на дел од КП 1363-1, КО Петршино и дел од КП 115-3,КО Бучиште,Општина Пробиштип

Награден Фото КОНКУРС “ПРОБИШТИП ФОТО 2022“

Награден Фото КОНКУРС

“ПРОБИШТИП ФОТО 2022“

ТЕМА:

„СО ЉУБОВ ЗА МОЈОТ ПРОБИШТИП“

Основни критериуми за учество:

• Се учествува со 3 (три) фотографии на зададената тема ( сите фотографирани во Пробиштип)

и до 3 (три) слободни фотографии (сите фотографирани во општина Пробиштип, со мотиви од карактеристични и препознатливи обележја за нашата општина)

o Може да се достави и само една фотографија за учество

o Може да се учествува со највеќе 6 (шест) фотографии

• Фотографиите треба да бидат јасно одбележани за која од двете категории се

испратени

• Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за

наградите

• Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на

кој било начин означени со име или идентификација на фотографијата

• Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви

било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна

• Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини,

каталози или да имаат учествувано на други натпревари

• Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за

наградите

• Фотографиите  на зададената тема и слободна тема, треба да се фотографирани во Пробиштип,

• Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство,

порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација

• Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето,

односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа

 

ОПШТИНА ПРОБИШТИП

ул. Јаким Стојковски бр.1

Тел: 032 48 31 31; факс: 032 48 30 47

www.probistip.gov.mk

________________________________________________________________

Техничко – уметнички критериуми за учество:

• Фотографиите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се достават во:

·       електронска форма снимени на CD со висока резолуција (најмалку 5 мегапиксели)

·       Да се во JPEG формат

·       Да се најмалку 72 dpi

·       4:3 / 3:2 / 16:9 (Пропорција на стандардна фотографија)

Секоја фотографија која нема да биде согласно погоре

наведените карактеристики ќе биде дисквалификувана и нема да биде

разгледувана од жири комисијата

• Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите

• Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се

вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во

уметничка смисла

• Фотографиите треба да содржат напредни естетски елементи. Тоналитет,

форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.

• Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла

• Фотографијата мора да има доволно видливи детали

Награди :

• Општина Пробиштип за првите три фотографии во двете категории обезбеди

награди и тоа:

o Фотографии на зададена тема:

I место –  4.000 денари

II место – 2.000 денари

III место -1.000 денари

o Фотографии на слободна тема:

I место –  2.000 денари

II место – 1.500 денари

III место  1.000 денари

• Наградите ќе бидат доделени на 7 Декември, а по повод празникот, 8 Декември 2022година – „Свети Климент Охридски“  на изложбата која по тој повод, од пристигнатите фотографии, ќе биде поставена во Домот на културата во Пробиштип со почеток во 12 часот.

 

ОПШТИНА

ПРОБИШТИП

ул.

Јаким

Стојковски

бр.1

Тел: 032 48 31 31; факс: 032 48 30 47

www.probistip.gov.mk

________________________________________________________________

Доставување на фотографиите за учество:

Фотографиите (секоја со наслов), да се достават со наведена шифра, во плик
во кој ЗАДОЛЖИТЕЛНО во помал затворен плик се доставуваат личните

податоци за учесникот (име, презиме, телефонски број и сл.)

Секој учесник кој при отварањето на фотографиите нема затворен
плик со податоци и за кој јасно може да се определи за која личност

станува збор ќе биде дисквалификуван и фотографиите нема да

се разгледуваат

Фотографиите да се испратат на адреса: Општина Пробиштип, ул. Јаким
Стојковски бр.1 или да се донесат во Канцеларијата на Одделението за јавни

дејности во Општина Пробиштип, со назнака: За награден фото Конкурс

„ ПРОБИШТИП ФОТО 2022 “, најдоцна до 22.11.2022 година (вторник) до

15.30 часот.

Жири комисијата најдоцна до 24.11.2022 година (четврток) ќе ги селектира фотографиите
и ќе ги објави на официјалната фан страна на Facebook за да можат сите

заинтересирани да гласаат за истите.

(Гласањето на Facebook ќе има влијание во одлуката на жири
комисијата, но освоените гласови нема да значат и конечен

пласман на фотографиите)

Жири комисијата најдоцна до 01.12.2022  година (четврток) ќе ги објави наградените
фотографии преку медиумите, на официјалната WEB страна на општина

Пробиштип www.probistip.gov.mk и на официјалната Facebook фан страна.

Авторски права:

Со предавањето на фотографиите за учество на Конкурсот секој потврдува
дека:

е автор на фотографиите

фотографијата не е претходно изложена или објавена

ги отстапува авторските права на Општината Пробиштип со

неограничено право да ги објавувува, разменува, печати или пренесува

на трети лица

v  На Фото Конкурсот немаат право на учество вработените во

општинската администрација како и нивните потесни семејства

За подетални информации на бројот 032/483-131 лок.107, или на е-маил: ilievski@probistip.gov.mk

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделение за јавни дејности

ФОТО КОНКУРС 2022

Известување за јавна расправа за проектот „Примена на мерки за енергетска ефикасност во системот за улично осветлување на општина Пробиштип и замена на постоечки светилки со енергетски ефикасни“

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Пробиштип аплицираше со под-проект за „Примена на мерки за енергетска ефикасност во системот за улично осветлување на општина Пробиштип и замена на постоечки светилки со енергетски ефикасни“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животна средина и социјални работи” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот.

Известување и Дневен ред за јавни консултации на ПУЖССР подпроект општина Пробиштип

Формулар за поднесување коментари

План за управување со животната средина и социјалните работи

Соопштение до спортските друштва

Општина Пробиштип во фаза е на изготвување на Програмите за 2023 година.

Се известуваат сите спортски друштва кои се регистрирани и функционираат, односно се натпреваруваат во некоја од македонските лиги  и сите поединци – спортисти кои се натпреваруваат во разни категории, а се од општина Пробиштип,  да достават Програма за 2023 година, во која треба да се содржани сите активности кои што ги планирате, со вкупно потребен Буџет, врз основа на што би Ве предвиделе во Буџетот на општина Пробиштип со дел од средства како поддршка на спортот и спортските активности во нашата опоштина. Програмите да ги доставите до Одделението за јавни дејности при Општина Пробиштип секој работен ден од 0730 – 1530 часот, а најдоцна до 31.10.2022 година (понеделник). Повеќе информации на тел: 483 131 локал 107.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ