Јавен повик
за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за 2024 година за здруженија на граѓани врз основа на предлог проекти
Јавен повик
за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Пробиштип за 2024 година за здруженија на граѓани врз основа на предлог проекти
Јавен повик
до здруженија на граѓани и фондации за реализација на активностите во општина Пробиштип, предвидени во програмата за еднакви можности на жените и мажите за 2024 година
Почитувани,
Се покануваат жителите на улиците 3ти Април и Х.Т. Карпош на информативен состанок кој ќе се одржи на ден 24.01.2024 (Среда) со почеток во 12 часот во просториите на Домот на култура, сала за седници на Совет.
Средбата е со цел запознавање на жителите на овие улици, со текот и реализацијата на реконструкцијата која во мометов се одвива на овие улици.
Средбата ќе се одржи во присуство на Секретарот на општината и Раководителот на одделението за комунални дејности, како раководител на проектот.
Со почит,
Општина Пробиштип
С О О П Ш Т Е Н И Е – П О В И К
за спроведување на ПОВТОРНА Јавна презентација и Јавна анкета по
Предлог план за Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од Урбан Блок 11, Урбан модул 4, КО Пробиштип, Општина Пробиштип
Одлука за повторна ЈА и ЈП -2024
Соопштение за повторна ЈП и ЈА -01.2024
Се известуваат жителите на општина Пробиштип, корисници на додаток за слепило од ЈУ„Центар за социјална работа” Пробиштип за остварување на правото за субвенционирање на сметки за комунални услуги во износ од 500 ден према ЈКП „Никола Карев” Пробиштип дека можат да поднесат барање за остварување на правото.
Подносител на барањето може да биде лице со важечка лична карта на увид за докажување на идентитетот и со потпишана согласност и изјава од корисникот на додаток за слепило.
Барањето може да се подигне од шалтерите на општина Пробиштип и во прилог со копија од Решението за користење на надоместок за попреченост -слепило издадено од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип се поднесува во шалтерите или архивата на општина Пробиштип најдоцна до 26.01 2024 година
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
УП 1 бр.08-1 од 05.01.2024 година
ОБЈАВА број 49
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република СевернаМакедонија
по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со:
1. ДУП за УБ 14 Урбан опфат 14.1 усвоен со Одлука бр.26-92/8 од 30.01.2023 година (Службен гласник на општина Пробиштип бр.1/2023) за ГП 14.1.17 на КП бр.735/1 КО Пробиштип, во централно подрачје на град Пробиштип , намена на објектот : Г2-Лесна и незагадувачка индустрија , што се наога во централното градско подрачје во близина на дом на култура,
2. ДУП за УБ 2.1 , УП со план за парцелација на ГП 8, усвоен со Одлука од Градоначалникот бр. 10-698/1 од 07.07.2023 година, за ГП 8.2 на дел од КП бр. КП бр. 4450 и 4451 КО Пробиштип, вон централно подрачје на град Пробиштип, со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, што се наоѓа во индустриска зона на пат кон с.Срмош,
3. ДУП за УБ 2.1 , УП со план за парцелација на ГП 8, усвоен со Одлука од Градоначалникот бр. 10-698/1 од 07.07.2023 година, за ГП 8.3 на дел од КП бр. КП бр. 4451 и 4685/1 КО Пробиштип вон централно подрачје на град Пробиштип, со намена Г2-Лесна и незагадувачка индустрија, што се наоѓа во индустриска зона на пат кон с.Срмош,
4. ДУП за УЕ 10 усвоен со Одлука бр. 09-312 од 23.03.1984 година (Службен Гласник бр.2/1984), за ГП 9 на дел од КП бр.787/36 КО Пробиштип , вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена А1 семејно домување во станбена куќа, што се наоѓа во населба Пробиштип на улица Скопска
5. ДУП за УЕ 10 усвоен со Одлука бр. 09-312 од 23.03.1984 година (Службен Гласник бр.2/1984), за ГП 10 на дел од КП бр.787/36 КО Пробиштип , вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена А1 семејно домување во станбена куќа, што се наоѓа во населба Пробиштип на улица Скопска
6. ДУП за УЕ 10 усвоен со Одлука бр. 09-312 од 23.03.1984 година (Службен Гласник бр.2/1984), за ГП 11 на дел од КП бр.787/36 КО Пробиштип , вонцентрално подрачје на град Пробиштип, со намена А1 семејно домување во станбена куќа, што се наоѓа во населба Пробиштип на улица Скопска
С О О П Ш Т Е Н И Е
По повод најголемиот верски празник , Божиќ, во организација на Општина Пробиштип на месноста Жгури, традиционално се организира берење на бадникови гранчиња и палење на коледарски оган.
По тој повод ги известуваме сите заинтересирани граѓани на општина Пробиштип, на ден 05 јануари (петок), во 10 часот од пред зградата на Општина Пробиштип, во центарот на градот ќе има бесплатен организиран превоз до месноста Жгури каде ќе се одржи оваа веќе традиционална манифестација, на која ќе се избере и новиот кум, кој ќе биде дел од организацијата на настанот во наредната година.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
Одделениe за јавни дејности
Се известуваат правните лица што имаат седиште на територијата на општина Пробиштип дека во периодот што следуваше општина Пробиштип изготви опомени за неплатена комунална такса и истите ги дистрибуираше по електронски пат на мејл адресите кои што правните лица ги имаат оставено во евиденцијата на општината.
Имајќи во предвид дека рокот за наплата на комуналната такса е изминат и веќе рокот по опомените e исто така поминат ги известуваме правните лица дека во општина Пробиштип веќе се изготвуваат решенијата за присилна наплата и во периодот што следува истите ќе бидат реализирани.
Општина Пробиштип
Одделение за финансиски прашања
С О О П Ш Т Е Н И Е
за спроведување на јавен увид на Урбанистички проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10 (20) kV,
од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази,
до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип,
во Општина Пробиштип
Се известуваат граѓаните на Општина Пробиштип дека се организира јавен увид по Урбанистички проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10 (20) kV, од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази, до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип, во Општина Пробиштип, изработен од Друштво за трговија, производство, градежништво, услуги и консалтинг „ЧИП ГРОУП ”ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, со Тех.Бр.21-06/23 од октомври 2023 год.
Проектниот опфат на Урбанистичкиот проект вон опфат и во опфат на урбанистички план за инфраструктура за електричен кабел од 10(20) kV, од новопланирана трафостаница на КП 629/2 КО Неокази, до приклучна точка на постојна трафостаница ТАБ МАК, КО Пробиштип, во Општина Пробиштип поминува низ северниот дел од КО Неокази и низ јужниот дел од КО Пробиштип.
Проектниот опфат ги опфаќа дел од катастарските парцели: КП 629/2, КП 49/2 КО Неокази, КП 49/3 КО Неокази, КП 4684 КО Пробиштип, КП 4674/2 КО Пробиштип, КП 886 КО Неокази, КП 38/2 КО Неокази, КП 38/4 КО Неокази, КП 46 КО Неокази, КП 38/3 КО Неокази, КП 33 КО Неокази, КП 38/3 КО Неокази, КП 4428/1 КО Пробиштип, КП 4428/23 КО Пробиштип (трафостаница ТАБ МАК). (more…)
С О О П Ш Т Е Н И Е – П О В И К
за спроведување на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт план за Детален урбанистички план за Урбан Блок 14,
Урбан Опфат 14.2, Општина Пробиштип
Покана за ЈП и ЈА за ДУП за Блок 14.2 p.g.
Соопштение за ЈП и ЈА по ДУП за Блок 14.2 p.g.