Известување за привремена промена на официјалната електронска комуникација

Поради промена во условите и сервисите за користење на официјалната електронска комуникација на Општина Пробиштип, од 27 Јуни 2022 година, e-mail адресата info@probistip.gov.mk и сите e-mail адреси што го користат домеинот probistip.gov.mk, одреден период нема да бидат во употреба.

Сите пораки испратени на e-mail адресите кои го користат домеинот probistip.gov.mk нема да бидат примени.

До целосно враќање на услугите сите потребни информации и официјалната комуникација ќе се одвива преку e-mail адресата opstina.probistip@gmail.com

Ви благодариме на разбирањето.

СООПШТЕНИЕ – Прскање против комарци на ден 22.06 2022 година

 

На ден 22.06 2022 година во раните утрински часови во периодот од 05:00 часот до 08.00 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено авионско третирање против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово , а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци долж течението на Маричанска река , двете јаловишни депонии и Кундиско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.

Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

 

СООПШТЕНИЕ – Прскање против комарци 20-21 јуни 2022 година

СООПШТЕНИЕ

Прскање против комарци 20-21 јуни 2022 година

 

На ден 20.06 и 21. 06 2022 година (вечерта-понеделник кон вторник) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23-08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против возрасни комарци. Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово , а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица од Приградска населба Пробиштип по патот кон с.Плешенци долж течението на Маричанска река , двете јаловишни депонии и Кундиско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места.

Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

Соопштение – Прскање против комарци 31 мај и 1 јуни

На ден 31.05. и 01.06.2022 година (вечерта – вторник кон  среда) во текот на ноќта до раните утрински  часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против  возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата  долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ

Одржани едукативни предавања во училиштата

Во период од 16.05 2022 година до 19.05 2022 година беше реализирана активност предвидена во Програмата за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво  на општина Пробиштип за 2022 година.

Беа оддржани едукативни предавања поврзани со судската постапка за сторени кривични дела од страна на претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво  на општина Пробиштип Катерина Макреска Петковска  претставник од Адвокатската комора на РСМ и Снежана Петрушев , член – претставник од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.

Учениците имаа можност да се запознаат со процедурите за постапување со децата во ризик  од страна на надлежните институции согласно Закон за правда на децата.

Целна група беа учениците од деветто одделение од ООУ„Браќа Миладиновци“ ООУ„Никола Карев“ ПУ„Кирил и Методиј“ Злетово и учениците од втора година од СОУ„Н.Н.Борче Пробиштип.

Соопштение – Замена на постоечките светилки за улично осветлување

На ден 13.05.2022 година (петок) со почеток во 14,00 часот во конференциската сала во Домот на култура Злетовски рудар Пробиштип ќе се одржи јавна расправа за Проектот ,,Замена на постоечките светилки за улично осветлување во Општина Пробиштип со енергетско ефкасни светилки,, и условите за негово финансирање.

На јавната расправа ќе се изнесат иформации од Студијата за замена на постоечките светилки со енергетско ефикасни светилки.

Се покануват сите заинтересирани правни и физички лица да присуствуваат на јавната расправа и дадат свој придонес за успешно реализирање на проектот како мерка за намалување на трошоците за електрична енергија во Општина Пробишип и излез  од енергетската криза.

Општина Пробиштип
Градоначалник Драган Анастасов

Соопштение јавна расправа

Решение за одобрување на Проектна програма за КП 156

Р Е Ш Е Н И Е

за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари,
Општина Пробиштип

1. СЕ ОДОБРУВА Проектна програма со Бр.03-82 од 13.12.2021 година, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип.
2. Површината на проектниот опфат е П=0.06 ха.
3. Составен дел на ова Решение е Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип, изработена од страна на правното лице Друштво за производство на електрична енергија „ДИС ЕНЕРГИЈА“ ДОО Скопје, а истата ја одобрува Градоначалникот на Општина Пробиштип надлежен за одобрување на урбанистичко – планската документација, врз основа на Предлогот за одобрување на Проектната програма од Комисијата за урбанизам.
4. Ажурирана геодетска подлога со граница на проектен опфат за Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип.
5. Со одобрувањето на Проектната програма се продолжува постапката за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип.

Решение за одобрување на Предлог Проектна Програма за УП на КП 156, КО Турско Рудари (1).p.g.

Proektna programa za kabel za Shtalkovska

Зелникот на баба 2022

Со особена чест и задоволство Ве покануваме на манифестацијата “ЗЕЛНИКОТ НА БАБА” која се одржува 9-та година по ред, со цел зачувување на традицијата и промовирање на овој наш традиционален специјалитет.

19 Март 2022 (сабота) со почеток во 12:00 часот на градскиот плоштад Св. Гаврил Лесновски во Пробиштип.