Се грижиме за топол дом

Општина Пробиштип во соработка со ОО„Црвен крст“ Пробиштип и Центарот за социјална работа започнаа да ја спроведуваат акцијата „Се грижиме за топол дом“. Преку оваа акција ги повикуваме сите жители од општината кои имаат можност и кои имаат вишок мебел, покуќнина и апарати за домаќинството а не им се потребни да ги донираат на оние на кои имаат потреба од вакви работи со што ќе ја покажат својата хуманост и општествена одговорност. Целта на акцијата е задовололување на основните потреби на граѓаните кои не можат да си обезбедат средства за купување на овие работи.

Сите граѓани кои имаат можност да донираат да се јават на тел.број во општина Пробиштип 032/483-131 локал 120, во Центарот за социјална работа, 032/483-127  и во ОО „Црвен крст“ 071/246-745 Пробиштип. Исто така на овие телефонски броеви можат да се јават или да се обратат во овие  институции (општина Пробиштип, Центар за социјална работа и ОО „Црвен крст“) и семејствата и поединците во социјален ризик кои имаат потреба од ваква донација.

Да ја покажеме хуманоста и општествената одговорност и да донираме на оние семејства кои имаат потреба од ваква донација.

topol-dom

На 21 Октомври во Пробиштип се одржа сообраќајно воспитна кампања „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Согласно целите од Втората Национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 -2020, голем акцент се става на заштита на децата како ранлива група на учесници во сообраќајот, притоа поставувајќи цел 0 (нула) деца жртви во сообраќајот. По тој повод ОСБСП заедно во соработка со Општина Пробиштип, Полициската станица во Пробиштип и општинските училишта  организираа дефиле на деца – пешаци, кои преку транспарентите кои што  ги носеа, упатиja порака до сите учесници во сообраќајот,  при што децата  упатија јасна и силна порака „Внимавајте на децата и кога се на улица и кога се покрај улицата“.

ОСБСП

Повик за Предлог Годишни Програми за 2017 година за Здруженија на граѓани на територија на општина Пробиштип

Општина Пробиштип објавува Повик за Предлог Годишни Програми со цел подршка на активности во 2017 година, со финансиски средства од буџетот на општина Пробиштип.

Повикот за однесува за здруженија на граѓани на територија на општина Пробиштип кои работат во областа на образование, култура, заштита на животната средина, социјална заштита, здравствена заштита, земјоделие, организации на жени, здруженија на пензионери итн.

Предлог Годишните Програми треба да се достават во Одделението за локален економски развој и заштита на животната средина.

Исто така, здруженијата треба да достават и Тековна состојба на правното лице од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица од Централен регистар на РМ и Извештај за користење на финансиски средства од буџетот на општина Пробиштип во претходната година, со листа и период на реализирани активности за кои се искористени средствата.

Краен рок за доставување 28.10.2016 година.