На ден 27.12.2017 година Советот на Општина Пробиштип ја одржа 4-тата редовна седница на која беа донесени повеќе значајни одлуки, помеѓу кои и Буџетот на Општината за 2018 година.

Основниот буџет на општината  поделен по програми за тековно оперативни работи и за капитални инвестиции изнесува 187.862.000 денари.

Во буџетот се предвидени наменски средства за работа на општинските основни  училишта и средно училиште, како и средства за општинските  установи Дом на култура и Детската градинка.

Вкупната вредност на буџетот за 2018 година изнесува 382.772.883 денари.

Исто така, во буџетот се планирани средства од донации за изградба на повеќе значајни објекти во општината кои ќе се обезбедат од домашни и странски донатори.

На седницата се расправаше и за избор на Командир на Полициската станица од општа надлежност Пробиштип. Советниците својот глас го дадоа за Панче Јованов кој ќе биде иден Командир на Полициската станица Пробиштип.