На ден 31.05. и 01.06.2022 година (вечерта – вторник кон среда) во текот на ноќта до раните утрински часови во периодот од 23 – 08 часот на територијата на општина Пробиштип ќе биде извршено прскање од земја против возрасни комарци . Акцент ќе биде ставен на Пробиштип и Злетово, а ќе бидат опфатени и местата долж течението на река Киселица, од Приградска населба Пробиштип по патот кон с. Плешенци, долж течението на Маричанска река, двете јаловишни депонии и кундинско езеро. Ќе ги опфатиме и сите поголеми населени места. Се известуваат сите сопственици на пчелни семејства да превземат заштитни превентивни мерки.
ОПШТИНА ПРОБИШТИП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ
Во период од 16.05 2022 година до 19.05 2022 година беше реализирана активност предвидена во Програмата за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Пробиштип за 2022 година.
Беа оддржани едукативни предавања поврзани со судската постапка за сторени кривични дела од страна на претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Пробиштип Катерина Макреска Петковска претставник од Адвокатската комора на РСМ и Снежана Петрушев , член – претставник од ЈУ Центар за социјална работа Пробиштип.
Учениците имаа можност да се запознаат со процедурите за постапување со децата во ризик од страна на надлежните институции согласно Закон за правда на децата.
Целна група беа учениците од деветто одделение од ООУ„Браќа Миладиновци“ ООУ„Никола Карев“ ПУ„Кирил и Методиј“ Злетово и учениците од втора година од СОУ„Н.Н.Борче Пробиштип.
На ден 13.05.2022 година (петок) со почеток во 14,00 часот во конференциската сала во Домот на култура Злетовски рудар Пробиштип ќе се одржи јавна расправа за Проектот ,,Замена на постоечките светилки за улично осветлување во Општина Пробиштип со енергетско ефкасни светилки,, и условите за негово финансирање.
На јавната расправа ќе се изнесат иформации од Студијата за замена на постоечките светилки со енергетско ефикасни светилки.
Се покануват сите заинтересирани правни и физички лица да присуствуваат на јавната расправа и дадат свој придонес за успешно реализирање на проектот како мерка за намалување на трошоците за електрична енергија во Општина Пробишип и излез од енергетската криза.
Општина Пробиштип
Градоначалник Драган Анастасов
Р Е Ш Е Н И Е
за одобрување на Проектна програма за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари,
Општина Пробиштип
1. СЕ ОДОБРУВА Проектна програма со Бр.03-82 од 13.12.2021 година, за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип.
2. Површината на проектниот опфат е П=0.06 ха.
3. Составен дел на ова Решение е Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип, изработена од страна на правното лице Друштво за производство на електрична енергија „ДИС ЕНЕРГИЈА“ ДОО Скопје, а истата ја одобрува Градоначалникот на Општина Пробиштип надлежен за одобрување на урбанистичко – планската документација, врз основа на Предлогот за одобрување на Проектната програма од Комисијата за урбанизам.
4. Ажурирана геодетска подлога со граница на проектен опфат за Проектната програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип.
5. Со одобрувањето на Проектната програма се продолжува постапката за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за 20/10 Kv кабелски подземен вод од машинска зграда на МХЕЦ Шталковска до новопредвидена бандера на КП 156, КО Турско Рудари, Општина Пробиштип.
Решение за одобрување на Предлог Проектна Програма за УП на КП 156, КО Турско Рудари (1).p.g.
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на манифестацијата “ЗЕЛНИКОТ НА БАБА” која се одржува 9-та година по ред, со цел зачувување на традицијата и промовирање на овој наш традиционален специјалитет.
19 Март 2022 (сабота) со почеток во 12:00 часот на градскиот плоштад Св. Гаврил Лесновски во Пробиштип.
Согласно доставената анализа од обработените анкети од страна на училиштата констатирана е реалната потреба од логопедски третмани во општината. Општина Пробиштип ќе ангажира двајца логопеди за работа со деца со говорно –јазични нарушувања за период од седум месеци (март – април – мај – септември – октомври -ноември и декември 2022 година).
Првичната средба на ангажираните лица Татјана Љапова и Клементина Ристова со родителите и децата е закажана во ООУ„Браќа Миладиновци“ Пробиштип и ПУ „Кирил и Методиј“ во следните термин:
– Од 08:30 – 10:00 часот за ученици од одделенска настава
– Од 10:30 – 12:00 часот за ученици од предметна настава
– Од 13:00 – 14:30 часот за ученици од одделенска настава
– Од 15:00 – 16:00 часот за ученици од предметна настава
Општина Пробиштип има потреба од работно ангажирање на 7 работници за време од единаесет месеци со скратено работно, за извршување на работи од јавен интерес на територијата на општина Пробиштип, а кои се однесуваат на одржување и уредување на јавни површини и инфраструктурни објекти согласно Акцискиот план за вршење на јавните работи.