Оглас за набавка на униформи за давање на услуга 

Црвен Крст на Република Северна Македонија –Општинска организација Пробиштип во рамки на проектот финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) , проект за подобрување на социјалните услуги во насока на имплементација на Договор за грант за развој на социјалната услуга помош и нега во домот предвидува набавка на униформи за давање на услуга.

Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации и тендерска документација од страна на Митко Георгиевски –Секретар од каде може да ја добијат електронската форма на тендерската документација со барање на следната емаил адреса  probistip@redcross.org.mk .

Понудите во хартиена форма треба да се достават најдоцна до 04.04 2023 година до 16:00 часот на следната адреса:

 

Црвен Крст на Република Северна Македонија –Општинска организација Пробиштип

ул.Јордан Стојанов бр 5,

2210 Пробиштип

 

Линк до огласот:

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/international-donor-announcements

ОГЛАС ЗА НАБАВКА на униформи Пробиштип

Појаснување-Оглас-за-набавка-на-униформи-30.03.2023