Денес, 26.09 2018 година, со почеток од 12 часот се одржа седмата седница на Локалниот совет за превенција при општина Пробиштип на тема „Улогата и значењето на институциите за безбедно спроведување на Референдумот 2018 година“. На седницата присуствуваа претставници од Секторот за внатрешни работи Штип, Полициската станица Пробиштип, претседателот и членови на Совет на општина Пробиштип, Центарот за социјална работа, Советодавната граѓанска група, претставници од невладини организации, етнички заедници, претставници од образование, здравство, медиуми и други.
За надлежностите на Општинската изборна комисија се обрати Ана Горѓиева –претседател на Општинската изборна комисија Пробиштип, а за улогата на полицијата при обезбедување на рефередумот говореше Наташа Ангеловска Комленовиќ, помошник командир од Полициската станица Пробиштип.
На крајот од седницата збор зеде и Началникот на отсекот на превенција при СВР Штип Ангелчо Стојановски, кој ја објасни улогата на Локалниот совет за превенција и Советодавните групи на граѓани во решавањето на безбедносните проблеми на подрачјето на општината и полициската станица.
Заклочокот од состанокот, кој до сите граѓани на општина Пробиштип го пренесе градоначалникот Анастасов е следниот: „Да покажеме одговорност на овој референдум да се одржи во мирна, стабилна безбедносна состојба, согласно изборните закони без да се загрози состојбата и мирот на граѓаните. Во иднина граѓаните да се вклучат во работата на Советодавната група на граѓани, се со цел да ги детектираат и решаваат безбедносните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.“

Денес, 21.09.2018 година, општина Пробиштип ја одбележа Европската недела на мобилност, чијашто цел е да се предложат и тестираат иновативни сообраќајни решенија, нови тенологии или мерки за планирање на урбаниот транспорт со што ќе се намали употребата на автомобили и ќе се редуцираат емисиите на штетните гасови во воздухот.
По овој повод, Општината во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и невладината организација „Туристичка иднина„ организираше велосипедска тура низ градското подрачје, по повод 22 септември – Ден без автомобили, која ја реализираа најмаладите учесници во сообраќајот.
Со ова се упати порака дека со мудро одбирање на начинот на секојдневен транспорт, го заштедуваме домашниот буџет, го подобруваме нашето здравје, воедно ја заштитуваме животната средина и го намалуваме загадувањето од транспортот.

Purchase of equipment for the purposes of the project “Utilising Pay As You Throw Systems and Autonomous Composting Units for Biowastes Management in Touristic Areas”
Lot 1: not received any offer.
Lot 2: In the tender documentation, the maximum budget for procurement of the specified lot (Lot 2) is limited to €185260.00. There was one tenderer who have submitted tendering documents and have passed the administrative and technical compliance. But, its offer was much higher than project estimates, hence the necessity to cancel the tendering procedure.
Notes:
Should a new tender procedure be launched for this project, a new contract notice will be published, unless the contracting authority awards the contract through a negotiated procedure – in which case only the award of the contract will be published.
Објава бр.13 за продажба на недвижни ствари во сопственост на општина Пробиштип по пат на електронско јавно наддавање.
Предмет на електронското јавно наддавање согласно Одлуката на Советот на општина Пробиштип бр.26-239/8 од 15.03.2017 година, се следните недвижни ствари:
Повеќе информации на системот за е-аукции http://e-aukcii.probistip.gov.mk/item/159
Денес (03.08.2018) на територијата на општина Пробиштип се спроведе акција за заловување на бездомни и нерегистрирани кучиња.
Акцијата се спроведе од страна на ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков“ од Куманово со кој општина Пробиштип склучи Договор за заловување и стручен третман на бездомни и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Пробиштип, со времетраење од една година.
Дешнава акција е прва од повеќето акции коишто интензивно ќе следат на целата територија на општина Пробиштип во идниов период.
На ден 03.08.2018 година (петок), Општина Пробиштип ќе врши заловување на кучињата скитници во Пробиштип. Тоа подразбира заловување, ставање времено во стационар, третирање на кучињата, вакцинирање, кастрирање и чипирање. Оние кучиња кои се стари и изнемоштени ќе бидат еутаназирани. Се известуваат сите сопственици на кучиња, да си ги затворат домашните миленици, а за сите оние кои ќе бидат заловени, а се кучиња кои имаат сопственици, враќањето и третманот на кучињата ќе биде на терет на сопственикот. Вакви и слични акции ќе бидат извршени на неколку пати во наредниот период за што дополнително ќе ве информираме, а се со цел да го решиме проблемот со кучињата скитници во општина Пробиштип.
ОБЈАВА број 42
за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија
по пат на електронско јавно наддавање во Општина Пробиштип